
Тренерскиот штаб на Баерн Минхен не планира големи промени во составот во текот на летниот преоден рок.


Тренерскиот штаб на Баерн Минхен не планира големи промени во составот во текот на летниот преоден рок.
Тренерот Пеп Гвардиола е целосно задоволен од квалитетот на екипата и смета дека овој состав на „баварците“ може да оствари многу нови успеси.
„Основата на составот ќе остане незаменлив. Ќе имаме многу малку нови фудбалери. Задоволен сум од досегашните резултати и се надевам дека ќе дојдеме до нови титули“, изјави шпанскиот стратег.
Тој го поддржа и претседателот на клубот, Ули Хенес, кој има проблеми со правдата и ќе биде изведен пред суд поради затајување на данок и перење на пари.
„Се познаваме од неодамна, но можам да кажам дека тој ми е пријател и засекогаш ќе остане таков“, вели Гвардиола.