10 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 05.03.2014

Дневен хороскоп 05.03.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ѕвездите ви се наклонети и имаат позитивно влијание на вас. Тоа добро ќе се одрази и на вашата околина. Затоа, искористете ги шансите. Вашата планета на пријателство и љубов од денес се наоѓа во исклучително поволна позиција. Можни се револуционерни промени кои ќе бидат позитивни.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Вежбањето и релаксацијата ќе направат чуда за вашето расположение. Ќе имате позитивна енергија и неверојатен сјај со којшто ќе ги привлекувате околните. Премногу се разликувате од околината за да ги прифатите сугестиите. Обидете се да им пристапите на проблемите и да најдете соодветно решение за нив.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Уживате во сите видови задоволства. Дишете со елеганција, љубов и сензуалност. Се наоѓате во фаза кога ја активирате цела креативна сила. На деловен план очекувавте повеќе, но моменталните околности се малку поинакви. Всушност, никој и не ви е виновен кога ги идеализирате соработниците…

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Смирени сте. Она што порано ве правеше нервозни, сега станува безначајно. Во хармонија сте со самите себе. Ја држите контролата во свои раце на деловен план и со леснотија ги извршувате задачите. Вложувајќи минимален напор, ќе остварите максимални резултати.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Поради нешто сте нерасположени и депресивни. Имате чувство како да не вредите. Грешите. Деловните одложувања и недоразбирања ве прават нервозни, а сознанието дека сте опкружени со лажни вредности – боли. Можна е расправија со партнерот поради пари.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Моменталните случувања бараат тактичност и дипломатичност. Упорноста и одмереноста се главните атрибути кои ќе ве водат во неделава. Поради импулсивните реакции, лесно може да се најдете во незавидна ситуација. Доколку се контролирате, ќе ги сведете и здравствените проблеми на минимум. Бидете одмерени.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Сe се одвива според планот, токму онака како што сте ги замислиле работите, благодарение на својата внимателна работа. Врската во која се наоѓате е по малку проблематична, а вие размислувате да ја прекинете и да свртите нова страница во животот. Многу Ваги кои седат на два стола ќе ги сносат последиците од непримерното однесување.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Со помош на шармот и сопствената сила ќе успеете да ги совладате проблемите. Реторичката дарба е изразна и треба да ја искористите. Благодарение на интелигенцијата ќе постигнете завидни резултати. Ќе се најдете во ситуација да доминирате и да добивате пофалби. Работите ќе се одвиваат во ваша корист.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имате моќ и не сакате тукутака да ја испуштите од раце. Правилно размислувате, но сепак, не преоптоварувајте ја околината со посесивното и диктаторско однесување. Мудрите потези ќе ви донесат убава заработувачка. Се наоѓате во период кога можете да очекувате подобрување во многу животни сфери, па и на деловен план.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не се чувствувате најдобро. Иако се обидувате нормално да функционирате, тешко ви поаѓа од рака, зашто сте притиснати од многу деловни и приватни проблеми. На работа не се случува ништо значајно, но, за чудо, тоа не ве вознемирува ни најмалку.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе дојдат до израз вашите дипломатски способности и ќе преговарате како вистински експерт, па очекувајте позитивни случувања на професионален план. Одлично ќе се разбирате со вашиот партнер, па без да се трудите ќе привлекувате обожаватели. Ако сте во врска поразговарајте со саканиот за вашата иднина, тоа ќе ви ја разгорува страста.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Вашите зборови ќе бидат полни со сочувство и разбирање, па многу лесно ќе допирате до срцата на луѓето. Сите недоразбирања ќе ги решавате по мирен пат, со разговор. Но, не заборавајте дека комуникацијата не се состои само од зборување, туку и од внимателно слушање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП