
Американската тест програма NCAP го награди Audi А6 ( модел кој има комбинирана потрошувачка l/km 9,8 – 4,4; CO2 емисија 229 – 114 g / km) со максимален рејтинг, пет ѕвезди за неговата безбедност. Резултатите поврзани со заштитата на возрасните патници од фронтален и страничен удар, како и максимална заштита во случај на превртување, го прават Audi А6 еден од најбезбедните автомобили во својата категорија.
Дополнување на врвниот резултат од Euro NCAP во 2011 година е максималниот рејтинг од пет ѕвезди за пасивна безбедност од американската национална агенција за безбедност на автопатите (NHTSA ). Во 2010 година агенцијата постави повисоки критериуми кај тестирањата при преден и страничен судир, со цел сценаријата при судир да бидат што попрецизни.


