9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ,,Тритекс" со сопствен бутик во ТЦ Рамстор

,,Тритекс” со сопствен бутик во ТЦ Рамстор

Tritex

Македонската текстилна компанија, специјализирана за производство на долна облека- ТРИТЕКС ОД ПРИЛЕП, утре (5 март, среда) отвора свој бутик во трговскиот центар „Рамстор“ во Скопје. Во брендираната продавница ќе се продава памучна машка, женска, детска и бебешка долна облека произведена во фабриката во Прилеп.

Оваа компанија постои од 1994 година, и веќе 20 години поголемиот дел од своето производство успешно го извезува на пазарите во Европската Унија, а само дел од производите ги пласира и на домашниот пазар.

Тенденција на менаџментот на компанијата е промена на тој сооднос во
иднина. Како резултат на долгогодишното искуство во текстилната индустрија и
усовршување на квалитетот според највисоките стандарди, сметаат дека конечно е
дојден погодниот момент за нивно посериозно претставување на домашниот пазар.

Оттука и идејата за сопствен брендиран бутик во центарот на Скопје.

trix

„По 20 годишно успешно и квалитетно работење на странските пазари, реално е да го насочиме нашето внимание и кон домашните купувачи. Колку ќе ни значи успехот надвор ако дома не не вреднуваат?

Отворивме наша брендирана продавница во Прилеп и сега ја отвораме
првата   наша   продавница   за   граѓаните   на   Скопје.   На   овој   начин,   ќе   ги
презентираме нашите производи и нивниот квалитет и уште повеќе ќе се
доближиме до македонскиот купувач. Веруваме во она што им го нудиме на
македонските семејства, и затоа нашиот план за проширување нема да застане
тука “ – вели Дејан Наумоски, претставник на менаџментот на компанијата.

Производите  на  Тритекс  преку  големопродажба  се  пласираат  низ  цела Македонија, и истите и понатаму ќе бидат достапни во неколкуте трговски ланци за конфекција и бутици, кадешто можеа да се најдат и досега.

Моментално, во компанијата работат околу 250 лица.

Сепак домашните компании мислат и за своите сограѓани. Долна облека,
исклучиво памучна каква што и треба да биде, максимално удобна, со внимателно одбран дизајн и докажан квалитет ќе биде достапна и за куповната способност на просечниот македонец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП