29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMichelin гаси 500 работни места во Канада

Michelin гаси 500 работни места во Канада

michelinmichqnx283jslx

Францускиот производител на автомобилски гуми „Michelin“ ќе ги намали производствените капацитети во една од своите три канадски филијали, поради падот на побарувачката за патничките возила во Северна Америка, што ќе доведе до затворање на 500 работни места.

Планот за редукција на капацитетот ќе биде спроведен до крајот на јуни 2015 година, се наведува во соопштението на францускиот весник Капитал.

Меѓутоа, како што се истакнува, сите вработени кои ќе бидат погодени од овие мерки ќе добијат можност да преминат во некоја од другите две фабрики во Канада кои се наоѓаат во истиот регион или да ги искористат придобивките од предвременото пензионирање.

Заедно со овие мерки, „Michelin“ во тековната година во Канада ќе инвестира 66,5 милиони долари, така што ќе го задржи големото присуство на овој пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП