2 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 03.03.2014

Дневен хороскоп 03.03.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Наидувате на проблеми кои се беспотребни. Потрудете се да се смирите и да функционирате во најдобар ред. Здравствената состојба не ви е задоволителна, бидејќи се можни проблеми со дишните патишта. Најдобро би било да бидете конкретни со барањата кон партнерот.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Доколку сакате добро да се чувствувате, обрнете повеќе внимание на правилната исхрана и уредниот живот. Насочете се малку кон спортските активности. Подготвувате долгорочни планови. Никако не се откажувате од ништо. Ќе имате можност да зборувате на јавен собир.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Не трошете си го времето бадијала. Можни се патувања во странство. Здравствената состојба е одлична, но не претерувајте со алкохол. Партнерот ја поддржува секоја ваша идеја, искористете го тоа. Дружењето и забавата нема да бидат штетни, особено со креативни луѓе.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Заморот и лошата здравствена состојба се резултат на хроничните проблеми. Не форсирајте се, туку правете исклучителни нешта кои не ве оптоваруваат. Ќе сфатите дека како луѓе сме ограничени во време и во простор. Уживајте во малите работи наместо да се оптоварувате со безначајни работи.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Љубопитни сте и упорни, по секоја цена сакате да го добиете она што сте го замислиле. Треба повеќе да се потрудите и да имате трпение, за да го добиете тоа што го сакате. Амбициите ви се големи, но не претерувајте, бидејќи и без тоа ќе успеете. Желбата за осаменост засега е конструктивна.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Имате силна желба за доминација и тоа ви успева. Внимавајте да не повредите некој близок со вашата суетност. Мора да бидете умерени и одмерени повеќе од кога и да е. Внимавајте да не згрешите во некои процени, може многу да се разочарате.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Односите со колегите значително ќе ви се подобрат и ќе можете да најдете заеднички јазик кога станува збор за распределување на задачи и поставување на приоритети. Наместо да сонувате со отворени очи, зафатете се со креирање на планови. Денес ќе бидете ефективни и продуктивни. Искористете го денот до максимум.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Многу нешта сакате, многу започнувате, а ништо не завршувате. Тоа ве излудува. Шетањето и држењето за рака ви годат, без оглед на возраста. Вашите соработници ќе ви покажат каде е вашето место, не се лутете, размислете дали со нешто сте претерале.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Класичната уметност, светот на фантазијата и филмот, се одличен лек за незадоволството. Навистина, не го решаваат проблемот, туку го ублажуваат и одложуваат. Сами мора да се менувате ако сакате нешто повеќе. Внимавајте на парите, некако лесно ви „летаат“ од паричникот.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Сите комбинации во кои ќе влезете денеска ќе бидат проблематични, но не и несовладливи. Тешката и напорна работа сериозно почна да го загрозува вашиот нервен систем. Работите ги одложувате, но непријатната состојба малку потешко ќе ја надминете.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денеска ќе мора да се задоволите со минимум. Свесни сте за ситуацијата, особено кога станува збор за здравјето. Многу надеж вложувате во соработниците, но ни тие не се совршени, па често грешат. Не се разочарувајте, оставете им повеќе време.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Не се разочарувајте така лесно. Ако имате потреба од поддршка, споделете ги вашите проблеми со родител или близок член на семејството. Покажете ја својата почит кон родителите и блиските луѓе коишто на еден или друг начин ви овозможуваат да си ги остварите целите и соништата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП