3 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 02.03.2014

Дневен хороскоп 02.03.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес би можеле да се нервирате околу финансиските прашања. Веројатно само ги преувеличувате ситниците кои не ви се допаѓаат. Бидете малку поскромни во трошењето и малку реорганизирајте ги плаќањата на обврските и се ќе биде во ред. Важно е само да гледате објективно на секоја ситуација.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Верувате дека ќе успеете со одредена тактика да надмудрите некој кој долго не сте го слушнале или некој за кој никогаш не сте сигурни како ќе реагира на вашите деловни предлози. Можна е соработка со лица кои работат во медиумите и со кои имате добро искуство. Бидете подготвени да влезете во некоја нова работа во која ќе биде потребно да имате добро познавање на странските јазици.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Околу вас ќе забележите многу љубомора и компетитивност. Луѓето ќе се натпреваруваат за да докажат кој е подобар или кој е попопуларен. Не влегувајте во таа игра, бидејќи на крајот никој нема да излезе како победник, а таквата тивка борба ќе повлијае негативно на вашите односи со луѓето. Насочете се кон работата и исполнете си ги обврските, внимавајте некој Бик ќе посака да се расправа со вас, игнорирајте го.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Во конфликт сте со желбите и можностите. Треба да направите компромис и да се задоволите со она што го имате. Вашите фантазии за нешто повеќе ви го нарушуваат мирот. Посакувате да избегате од работата, но тоа сега не е правилно решение. Стрпете се, во наредната година ќе дојдат подобри денови. Некога Вага ќе ви понуди помош, прифатете ја.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ако немате некакви проблеми кои ве мачат подолго време и ви го преокупираат вниманието, што значи дека и губите енергија повеќе од што можете да ја надоместите, денот ќе ви биде прилично весел, радосен, оптимистичен и само во такво расположение можете да ги решавате работите онака како што само вие знаете, ефективно и егзекутивно, а притоа и да си обезбедите доста внимание и секако по некој аплауз на отворена сцена. Финасиите во блиска иднина ќе ви бидат стабилизирани.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Само разумните одлуки носат поволни решенија. Дисциплинирано ги извршувате обврските. Не ви е тешко да работите, но тешко ја поднесувате деловната соработка. Додека ги работите рутинските работи, сонувате за патувања и заработка на пари. Дружете се со ведри личности, тоа ќе ве релаксира и ќе ви даде мотивација за поголеми цели и поголем профит.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Колку повеќе личности запознавате, толку посреќни ќе се чувствувате. Па затоа, започнете да разговарате со колегите или познаниците со кои досега не сте си разменувале повеќе од еден обичен поздрав. Напорите кои ќе ги вложувате за проширување на друштвената мрежа, еден ден ќе ви се исплатат. Вие знаете да најдете сила да продолжите тогаш кога сите други би се откажале. Токму таа способност ќе ве истакне пред другите.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Незадоволството во комуникацијата е последица на вашата наклонетост за докажување и критикување. Себични сте и тоа лошо влијае на вашите блиски. Прифатете ја разликата со околината. Од вас се очекува да се ангажирате бидејќи на повидок е успех.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Иако сте сигурни дека се движите во правилната насока, обидете се да се потпрете на вашите блиски за консултација за вашите постапки. Уживајте во моментите поминати со луѓето кои ги сакате. Тие не можат да бидат заменети ниту со најголемото материјално богатство на светот.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Потребно е да се ангажирате на различни страни и да докажете дека поседувате силни практични можности. Идејата или решенијата кои сте ги одбрале, претставуваат добар деловен избор. Не и верувајте на новата блескава понуда за работа, таа е само мамка која може да ви ја расипе финансиската ситуација. Некој Овен ќе ви даде совет кој ќе ви служи за цел живот.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Поради различните деловни интереси и правила кои ги наметнува една влијателна личност, морате да прифатите компромисно решение. Изгледате загрижено, бидејќи околината нема доволно слух за да го прифати вашето мислење. Но не се грижите во текот на оваа недела ќе се решат сите проблеми, а вие повторно ќе заблескате.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Креативноста ќе ви помогне полесно да се справите со работните задачи и обврски, ќе ви помогне да пронајдете активности кои ќе ве исполнуваат и ќе направи да сте поинтересна личност во очите на другите. Поставеноста на планетите денес ќе ви даде инспирација да бидете оригинални. Немојте да криете дека сте поразлични од другите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП