28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОбјавени фотографиите од моделот Koenigsegg One:1 (фото)

Објавени фотографиите од моделот Koenigsegg One:1 (фото)

koenigsegg-one1-9_ff

Предизвикувачот на „Veyron“, долгоочекуваниот „Koenigsegg One:1“, светска премиера ќе има следната недела во Женева, а сега конечно имаме можност да го видиме на првите официјални фотографии објавени од шведската компанија.

Секој љубител на брзината знае дека „Koenigsegg One:1“ го добил своето чудно име според односот на моќта-тежината 1:1, што значи дека ова возило не само што тежи 1400kg, туку располага со исто толку коњски сили.

koenigsegg-one1-90_ff

Во споменатата тежина се пресметува и полн резервоар на гориво и тежина на просечен возач, а лесната конструкција е постигната благодарејќи на 20 проценти полесната карбонска шасија во однос на „Кoenigsegg Аgera“.

koenigsegg-one1-999_ff

Најавените перформанси говорат дека на овој автомобил од 0 до 400km/h му се потребни 20 секунди, а максималната брзина изнесува 450km/h и тоа се со помош на моќниот 5.0-литарски „V8“ турбо мотор.

Иако се уште не е официјално потврдено, се верува дека цената на овој автомобил ќе биде околу 1.5 милиони евра.

koenigsegg-one1-9999_ff

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП