18 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 28.02.2014

Дневен хороскоп 28.02.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Често не можевте да ја видите границата помеѓу фантазијата и реалноста во изминативе три седмици поради ретроградното движење на Меркур. Неретко си ги претставувавте работите многу полошо отколку што навистина беа. Ќе започнете да гледате на работите пообјективно и лесно ќе можете да препознаете лажно пријателство или умилкување. Започнете повеќе да и верувате на својата интуиција.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Постојано се грижите за финансиите, ситуацијата е загрижувачка но опуштете се малку. За некои работи денес ќе биде потребно да инсистирате повеќе и да не се откажувате. Денес може да биде клучен ден за да решите важни прашања. Искористете го денот за да донесете некоја одлука поврзана со партнерот. Денес ќе бидете посебно емотивно расположени, па најдобро е заедно да го поминете времето.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Во конфликтна ситуација сте, пред сe, со самите себеси. Свесни сте дека што и да направите ќе се каете, пред да донесете одлука добро размислете. Било какво решение е подобро од неизвесност. Исконтролирајте ги нервните напади. Разговор со личност која многу ја цените ќе ви ја зголеми самодовербата и ќе ве потсети да си придадете поголемо значење себеси.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Сe натпреварувате и ги докажувате сопствените вредности. Сакате да ја убедите околината на некои свои замисли. Не можете да избегнете нервоза и покрај тоа што сте урамнотежени. Доколку размислувате за патување ќе ви биде полесно. Нема да можете да се сопрете ниту за минута и постојано ќе ви надоаѓаат креативни идеи за нови теми на разговор.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Нема да бидете многу корисни на работното место. Повеќе размислувате за слободното време, партнерот и пријателите. Потребен ви е одмор за да можете да се концентрирате на одредено нешто. Ќе имате некои идеи, но ќе бидете и мрзеливи за да ги спроведете на дело.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Не вртете се назад, имајте позитивни мисли ако сакате полесно да се справите со проблемите. Не преземајте конкретни чекори. Ако успеете да најправите добра стратегија ќе ги насочите активностите на адекватен начин. Добро ќе се чувствувате кога добрите резултати на крајот од денот ќе ви донесат голема насмевка на лицето.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денот го поминувате размислувајќи како да стекнете признание од околината. Ви недостасува самоконтрола затоа дистанцирајте се од сe. Амбициозни сте, а сепак нереално ги проценувате сите ситуации и можности. Бидете внимателни, можете да бидете жртва на неуспех. Насочете се само на една работа и на неа концентрирајте се. Денес ќе запознаете интересна личност која ќе ви ја разбуди желбата за зборување.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес ќе бидете едноставно неодоливи. Ќе плените со остроумност и подготвеност за преземање на смели потези. Нема да дозволите други да ве ограничуваат и бестрашно ќе го покажувате вашиот немирен дух. Изразете се без воздржување, ова е ваш ден, ова е ден за незаборавни моменти.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес обидете се да издржите без оглед колку ве нервира секојдневниот ритам кој често е пренапорен за вас. Со добра организација на работите ќе успеете да го постигнете она што го сакате. Би требало да закажете деловен состанок со некој Јарец или некоја Вага.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

За вас е најнормално да сте опкружени со расположени и зборлести луѓе. Уживајте во денот, тој е многу поволен за вас, но пред забавата завршете ги прво работните обврски. Нешто ве измачува и ве тера да се сомневате во некого. Избегнете ги таквите чувства. Ќе бидете поголеми оптимисти и нема со сомнеж да гледате на секоја постапка на вашиот партнер или на пријателите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Првата половина од денот поминете ја во елиминирање на обврски од вашата дневна листа. Не дозволувајте некој да ве извади од колосек и да бидете принудени да надоместувате во текот на следните денови. Ќе запознаете личност која заслужува да биде ценета, па покажете и колку ја почитувате.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Обидете се да не се оптеретувате премногу со туѓите грижи, бидејќи многу работи досега сте ги преземале на својот грб. Младите лица од овој знак може да очекуваат голем успех, а ако сте родени во 80-тите, ќе мора во нешто да му попуштите на еден Јарец или на некоја Водолија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП