2 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 27.02.2014

Дневен хороскоп 27.02.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Не се чувствувате доволно испочитувани за она што го покажувате. Ќе мора да донесете некои одлуки. Денес ќе имате силно изразена концентрација, особено на работата, но затоа, социјалниот живот ќе ви биде во сенка. Важно е да се цените себе за да ве ценат другите.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес бидете пребирливи при изборот на зборови. Некоја ваша саркастична забелешка може непланирано да навреди некого или да биде сфатена погрешно. Бидете порелаксирани во односите со партнерот. Поради вашето постојано анализирање на неговото однесување, можно е да се оддалечите од него.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес финансиските проблеми ќе ви создаваат главоболки. Ќе имате непредвиден трошок или ќе го испразните вашиот паричник повеќе одошто сте планирале. Ваквата ситуација е само привремена, па не се преоптоварувајте со проблемите од финансиски карактер.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Нека не ве изненадат благите бранови на нервоза – последица на претерано исцрпување. Јасно поставете си ја границата на издржливост, зашто ако продолжите со ова темпо, нема да биде добро. Само со мудрост успешно ќе продолжите во борбата што се нарекува живот.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Функционирате под силен внатрешен притисок. Понапнати сте од вообичаено. Прашајте се што е причината за таквата состојба и обидете се, колку што е во ваша моќ, да ја ублажите. Можете и повеќе од тоа, само ако сакате. Бидејќи нервозата е изразена, можно е некого неправедно да го обвините.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес не преземајте ризик, бидејќи нема да бидете подготвени да се соочите со последиците. Не се оптоварувајте со постигнувањето на вашите цели и не се разочарувајте ако не е се онака како што си замислувавте. Понекогаш е подобро подоцна да ги остварите целите, особено ако тоа значи сигурен успех.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Уживате во сите аспекти на животот. Отворено и кажавте „не“ на депресијата и проблемите. Моментално ги потиснавте во втор план, што не значи дека не може да ве начекаат од некоја страна. Не размислувајте за нив, туку свртете се кон пријатните содржини. Деловниот успех ве прави расположени.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Повторно функционирате на најдобар можен начин. Потребата за воспоставување контакти максимално ве ангажира. Колку ќе бидете истрајни, сигурни во себе и одговорни – засега зависи само од вас. Нема причина таквата состојба да не трае подолго. Доколку некој Јарец ви создава пречки, не обрнувајте внимание.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Пред вас е напорен ден, полн со предизвици и одрекувања. Со упорност и истрајност, но и со тврдоглавост, ќе постигнете одлични резултати. Бидејќи тоа и го сакате, кон крајот на денот ќе бидете задоволни. Ќе ви биде понудено унапредување на работното место. Шкорпијата влијае врз негативниот исход.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Бидете внимателни при донесувањето заклучоци за луѓето, зашто и покрај аналитичноста – може да погрешите. Не очекувајте го од другите она на што ни самите не сте подготвени. Цената е незадоволство. Главната смисла на вашето постоење е хармонијата, а може да ја постигнете ако најдете средина меѓу работата и љубовта.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Одлуките што ќе ги донесете треба да бидат во согласност со оние кои ви се важни во животот. Може да ве окупираат сериозни мисли или разговори за различни односи. Некои финансиски одлуки ќе мора да бидат донесени денес. Практичните мисли се исклучително важни за вашата врска.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Не сте сигурни дали да споделите нешто или пак да го зачувате само за себе. Бидете внимателни кои детали од вашите планови ќе ги откриете. Не претерувајте и не ветувајте повеќе од она што можете да го остварите. Имајте на ум дека секогаш е подобро да ветите помалку, а потоа да ги изненадите луѓето со многу повеќе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП