1 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал Мадрид на гости го ,,прегази" Шалке 04

Реал Мадрид на гости го ,,прегази” Шалке 04

shalke

Со одигрувањето на двата натпревара синоќа беа комплетирани првите натпревари од осминафиналето од Лигата на шампионите, а најубедливата победа и тоа како гостин ја постигна Реал Мадрид во Гелзенкирхен.

„Кралскиот клуб“ славеше со 6:1 против Шалке 04. Тројца играчи кај Реал постигнаа по два гола: Карим Бензема (13 и 57.минута), Герет Бејл (21 и 69) и Кристијано Роналдо (52 и 89). Почесниот гол за германската екипа го постигна Клас Јан Хунтелар (90+1).

Единствениот нерешен резултат од сите осум дуели се одигра во Истанбул меѓу Галатасарај и Челзи.

Гостите од Лондон поведоа преку Фернандо Торес во 9.минута, а изедначи Орелиан Шедју во 65.минута.

На другите натпревари беа постиганти следниве резултати: Манчестер Сити – Барселона 0:2, Баер Леверкузен – ПСЖ 0:4, Арсенал – Баерн 0:2, Милан – Атлетико Мадрид 0:1, Зенит – Борусија Дортмунд 2:4 и Олимпијакос – Манчестер Јунајтед 2:0. Реванш натпреварите се играат во термините 11, 12, 18 и 19.март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП