28 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 26.02.2014

Дневен хороскоп 26.02.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Имате потреба од задоволства и активности кои ги сакате. Особено ги цените оние кои ви дозволуваат да искажете се што ви стои на срце. Не се трудете премногу да „пораснете“. Уживајте во овој ден играјќи се, препуштете му се на животот и уживањето кое ви е потребно.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Креативноста и забавата ќе ви го одбележат овој ден. Имате желба да направите нешто кое ќе остане долго време да ве потсетува на убавите моменти. Не зборувајте ладнокрвно за нешто што навистина ве возбудува. Потиснувањето на возбудата може да предизвика да оставите погрешен впечаток и да испадне дека сте незаинтересирани за тема или личност што вам многу ви значи.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Се што се однесува на странство и образование најавува добро продолжение на приказната. Ако имало некакви пречки за одење во странство или службен пат, овој месец тоа ќе ви го овозможи. Со својот позитивен став ќе го надминете сето она што ви преставува проблем.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

За работата имате направено план од кој нема да се откажете, а и не би требало. Инвестирајте во нешто што сте го замислиле, ова е поволен период за вас. Потребна е малку поголема внимателност, зашто здравјето може да биде чувствително.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Најдете во себе сила да поставите подобри критериуми во работењето и да го завршите она што мора да го завршите. Немојте да со поставувате превисоки цели затоа што сте во фаза кога околу вас има премногу предизвици, а вашата енергија е на минимум. Редовно релаксирајте се, тоа е императив.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Што и да правите денес, ќе имате многу опции од коишто ќе можете да избирате. Тоа ќе направи да се почувствувате важни и привилегирани. Ако сте растргнати помеѓу плановите на вашиот сакан или семејството и плановите на пријателите, обидете се да скроите трет план што ќе ги задоволи сите.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес треба да си ја трошите енергијата само за работи што ќе ве расположат и релаксираат. Вашите амбиции не спласнуваат, но морате да разберете дека претераната ангажираност на неколку места истовремено може да ве доведе до истоштеност. Вечерта ќе ви донесе неочекувана релаксација. Уживајте во секој момент.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вработените во услужните дејности веројатно ќе мора да работат прекувремено. И останатите многу ќе работат, па нема да имаат време за размислување, ниту за согледување на својата позиција. Главно повеќето ќе бидат добро иако имаат многу работа. Немојте да заборавите на редовен одмор.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Вашиот деловен интерес полека се насочува кон истражување. Она што сте го постигнале, тука е, но сега на дневен ред доаѓаат некои неиспитани или скриени работи. Некои ќе се обидат своите сни да ги достигнат на оригинален начин. Ќе ве релаксираат уметнички содржини.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Можеби сте очекувале нешто друго од она што го живеете и чувствувате, но тоа е само повремена и краткотрајна збрка со која треба да се сочите на вешт начин. Се уште имате доволно енергија за се да доведете во ред. Со малку трпение и тактичност ќе успеете.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Се наоѓате во креативна фаза, постојано смислувате нови идеи и ја поттикнувате околината на активност. Инспирирани сте од љубовта и уживате во друштво на партнерот. Постојано се обидувате да решите бројни проблеми што ќе ви овозможат долгорочна соработка или финансиска добивка.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денес не преземајте ризик, бидејќи нема да бидете подготвени да се соочите со последиците. Не се оптоварувајте со постигнувањето на вашите цели и не се разочарувајте ако не е се онака како што си замислувавте. Понекогаш е подобро подоцна да ги остварите целите, особено ако тоа значи сигурен успех.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП