18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајбрзиот сериски Bentley сега уште побрз

Најбрзиот сериски Bentley сега уште побрз

super bent

„Bentley“ jа претстави надградената верзија на моделот „Continental GT Speed“ зa 2014-та. Моторот на автомобилот доби дополнителни десет „коња“, со што беше зголемена и неговата максимална брзина.

Подобрувањата на постоечкиот 6.0-литарски „W12 twin-turbo“ мотор овозможија тој сега да произведе 635 ks (467 kW) и 819 Nm максимален вртежен момент, додека претходната верзија располагаше со 625 ks и 800 Nm.

Помоќниот агрегат допринесе „Bentley Continental GT Speed“ во купе верзија да достигне максимална брзина од 331,5 km/h, додека кабриолетот развива 326,7 km/h.

Покрај подобрувањата на погонскиот систем, извршени се и подобрувања на шасијата и суспензијата, како и мали козметички интервенции на надворешноста и внатрешноста на автомобилот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП