4 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИТехничка анализа EUR/USD 25.02.2014

Техничка анализа EUR/USD 25.02.2014

popoi

Првите два месеца во 2014-тата година за валутниот пар EUR/USD се очигледно најтешки и најнеизвесни и цената се движи во една определена зона од 1,3500 до 1,3800.

Како што доаѓа крајот на месец Фебруари така цената на EUR/USD полека ја конфирмира зоната во која што се движи, а за да ја комплетира линијата на каналот по сите технички видувања би требело повторно да се доближи до највисокото ниво од зоната на 1,3800 и најверојатно тоа може да се случи денес, каде цената е на само 70 пипа од целта.

tot

Моментална цена на EUR/USD e 1,3735 а поголема акција се очекува со самото отварање на Франкфурт и Лондон, притоа цлта до 1,3800 може да се оствари уште ова утро.

Доколку цената го достигне највисокото ниво, потоа може да се формира една помала “Range” зона околу 1,3800 каде би се задржала уште некој период, а потоа со очекувањето на низата економски објави во САД по отварањето на Њујоршката берза може да следи вистинска акција и формирање на нови големи трендови.

Сепак за реализација на профит може да се искористи и разликата од моменталната цена 1,3735 до 1,3800 (се разбира доколку се оствари) со куповни налози кој би се поставиле уште одма пред отварање на европските берзи.

Во тек на овој ден во сооднос со техничките формации и фундаменталните индикатори ќе ви презентираме уште една анализа со прогноза за наредното движење на цената на EUR/USD.

 

Среќно тргување,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП