4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃаволите се подготвуваат за летниот преоден рок

Ѓаволите се подготвуваат за летниот преоден рок

toni song

Пристигнувањето на Хуан Мата и Мауран Фелаини во претходните два преодни рока, сигурно нема да бидат доволни титулата оваа сезона да остане на „Олд Трафорд“, но може да бидат добар предлог за нешто повеќе во наредната сезона. Европските медиуми пишуваат дека „ѓаволите“ ќе бидат најголеми потрошувачи во текот на летниот преоден рок, а во игра се, веќе во овој момент две големи имиња.

Прво е името на Тони Крос, на кој според најавите на британскиот „Дејли Мирор“, на ѕвездата на минхенски Баерн му се нуди солиден договор кој му гарантира 300.000 евра неделно! Во нивна корист може да биде и фактот дека раководството на „баварците“ се уште не успеа да ја договори соработката со репрезентативецот на Германија, кој го следат многу европски гиганти. Потсетуваме, актуелниот договор на Крос со Баерн му истекува во летото 2015-та.

Од друга страна, каталонски „Sport“ пишува дека Мојс веќе испратил понуда на адреса на Барселона за Алекс Сонг. Поранешниот играч на Арсенал е приоритет на „ѓаволите“, а со оглед дека кај Мартино и нема некоја голема минутажа, неговото заминување е неминовно.

Јасно е дека пред нас ќе биде уште едно топло лето!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП