28 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 24.02.2014

Дневен хороскоп 24.02.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Лесно ќе се вклучите во некоја расправија, тука нема сомневање, но денес внимавајте расправиите да бидат поврзани со некоја тема, а не со луѓе. Малку попретпазливо избирајте ги зборовите, не избрзувајте туку промислено и полека одговорете.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Иако вашите соработници ќе покажат одредена наклонетост кон вас, тешко ќе наоѓате заеднички јазик. Проблемот е во тоа што двете страни сакаат да доминираат, а во заедничкото работење тоа не може така. Сфатете каде ви е местото и така однесувајте се.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Овозможени ви се добри промени, добри почетоци и тоа со помош на влијателни луѓе кои патем ви се и пријатели. Ова би можело да биде ден за голем професионален пресврт. Ако планирате почеток на приватен бизнис, се она што сте го подготвувале добро и темелно сега ќе може да го реализирате.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Зрачите со нешто посебно, кое ќе придонесе да ви се случи нешто интересно. Ќе мора да се соочите со критиките од семејството, но обидете се да не правите проблем. Ве очекува сериозен разговор со партнерот. Контролирајте ја својата нетрпеливост.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Амбициозноста ви е нагласена, па доста работни обврски ќе успеете да завршите, особено ако се поврзани со трговија. Партнерот има целосно разбирање за вашата работа, но не би било лошо да одвоите малку време и за него.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес ќе проработи вашата самокритичност. Нема да бидете задоволни од работата што ја вршите, нема да бидете задоволни од својот изглед. Во сe ќе успеете да си најдете маана. Наместо да си трошите од вашето скапоцено време за да се критикувате, насочете ја таа енергија во некој личен креативен проект.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес помошта ќе пристигне од луѓе од кои најмалку ја очекувате. Некој колега со којшто не комуницирате баш најчесто ќе ви помогне побрзо да ја завршите својата работа, некој познаник со кого си разменувавте само „здраво“ денес ќе ви помогне да решите некој проблем. Денес не треба да ја оценувате книгата според корицата. Многу луѓе ќе ве изненадат позитивно.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Искористете ги моменталните поволности, кои нема да траат уште долго, посебно кога станува збор за вашата кариера и напредок. Ви препорачуваме поголемо внимание во донесувањето на важните одлуки, кои би можеле да имаат релативно долготрајно влијание врз вас.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес вашите емоции ќе стигнат до точка на вриење Во еден момент ќе бидете смирени, а во друг, подготвени да отсечете нечија глава. Најдоброто нешто што можете да го направите е да се посветите на работата. Одложете го донесувањето на одлуки за друг ден.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Можеби ќе сакате да ја промените рутината и нешто необично да направите, различно, поинакво отколку досега. Можеби обид некаде да појдете, но и разочарувања поради слабиот одзив на вашите идеи кај другите. Внимавајте на кариерата, во моментов немате никаков напредок.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Интуицијата е изразена, но и нервозата која доаѓа во пакет со неа. Се што е добро има и свои лоши страни. Искористете ја првата погодност, а што се однесува до нервозата обидете се да ја ублажите. Ништо не е толку значајно за да ви го расипе денот. Тоа не им го дозволувајте ниту на пријателите, иако упорно се обидуваат да го направат спротивното.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Будно следете го сето она што се случува околу вас за на време да реагирате во своја корист. Своето мислење немојте да го изнесувате во јавност, особено ако со нешто или со некого не сте задоволни. Финансиите ви се наклонети. Решавајте ги старите обврски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП