28 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 23.02.2014

Дневен хороскоп 23.02.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Вашиот финансиски успех во последно време може да ви изгледа премногу одличен за да биде вистинит. Ќе добиете поттик за уште еден чекор напред. Бидете задоволни со самите себе. Ако се чувствувате несигурни немојте да се плашите. Тоа е само моментална фаза. Овој период е одличен за инвестирање на пари.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес е ден во кој треба да направите нешто свое. Погледнете ја сета убавина околу вас и задржете ја во своето срце. Набљудувајте ја убавината на природата која ве опкружува. Ќе уживате во друштвото и чувствата кои ќе траат цел ден.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Работите кои ви се случуваат се одвиваат со голема брзина и затоа потрудете се да бидете присебни колку можете. Обидете се да ја задржите концентрацијата. Во љубовта добро ќе се сложувате со саканото лице и ќе поминете пријатни моменти. Извршете ги службените обврски.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Постојано реагирате со бурни реакции за кои немате оправдание. Вклучете ги разумот и комуникацијата во секојдневието. Доколку планирате конкретна акција бидете внимателни некој може непријатно да ве изненади. Преземањето на некаков ризик ќе ви се исплати и на крајот на денот ќе има за што да прославите.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Наредните денови може да донесете непромислени одлуки и да одите со глава низ ѕид. Најлошо од се е што околината има последици од вашето непромислено однесување. Соработниците тешко го следат вашето темпо. Амбициозни сте и растрчани на сите страни. Избегнувајте конфликтни ситуации со колегите, бидејќи вие ќе загубите.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе стекнете нови пријатели кои исклучително многу ќе ја ценат вашата лојалност. Тоа значително ќе ја подобри вашата позиција на работното место. Ќе добиете многу понуди, но не брзајте веднаш да прифатите некоја од нив. Разговарајте со вашето семејство за ризиците на работното место, една Вага ќе ви го даде најдобриот совет околу тоа.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Не вртете се назад, имајте позитивни мисли ако сакате полесно да се справите со проблемите. Не преземајте конкретни чекори. Ако успеете да најправите добра стратегија ќе ги насочите активностите на адекватен начин. Добро ќе се чувствувате кога добрите резултати на крајот од денот ќе ви донесат голема насмевка на лицето.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Чувствувате потреба за размена на идеи. Веќе на прв чекор настапуваат разочарувања. Морате да бидете свесни дека моменталната смисла за комуникација не ви е силна страна. Се советува поголема доза на објективност. Парите нема да ви бидат проблем, но внимавајте да не ги трошите на глупости.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Вашата подготвеност да ризикувате ги зголемува вашите опции, но тоа не значи дека секоја од алтернативите е правилен избор. Внимателно анализирајте ги сите детали пред да направите голем чекор напред. Бранете ги вашите ставови, но не по секоја цена. Повлечете се ако гледате дека некоја расправија има потенцијал да излезе од контрола.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Судири предизвикани со нечија критика би можеле да ве доведат во поголем проблем. Ако ви се случи ваква ситуација, немојте веднаш да реагирате. Размислете ова е секојпат добронамерно речено. Бидете внимателни кон почетокот од месецот. Набргу ќе ви се појават подобри влијанија кои ќе ви донесат разни видови договори и компромиси. Можен е важен деловен договор. Како што одминува месецот ве очекуваат се подобри и подобри случувања.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

На некого многу му е важно да ве има во неговата екипа и нема да се двоуми да ја продолжи соработката со вас, дури ни под вашите услови кои воопшто не се минимални. Подготвени сте да се борите за она што го сметате за правилно, а еден Јарец кон вас е многу неправеден. Ако сте разочарани од некоја Вага или Овен, за тоа нема на никого да кажете, ниту на оние во кои имате доверба.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Де​нес, мо​же​би, ќе се соз​да​дат ус​ло​ви да ви тре​ба не​как​ва асис​тен​ци​ја или по​мош или не​ко​му да му е потребно тоа од ва​ша стра​на. Иа​ко не​ма​те неш​то мно​гу енер​ги​ја на сво​ја стра​на, ќе помогнете ма​кар и со совет или убав збор, по​фал​ба, љу​без​ност, не​кој си​тен по​да​рок ка​ко знак на внимание. Вашите соработници ќе бидат воодушевени од вас, а вашите ученици ќе сакаат што повеќе да научат од вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП