5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса ја засилува одбраната од Ла Лига

Барса ја засилува одбраната од Ла Лига

defanzivci barsa

Барселона може да се засили со двајца дефанзивци од шпанското првенство во летниот преоден рок. Тренерот на каталонците Херардо Мартино и неговиот тим продолжуваат внимателно да ги следат настапите на фудбалерите на Севиља и Виљареал, Федерико Фасио и Матео Мусакио.

Двајцата аргентински интернационалци дефинитивно оставија добар впечаток со нивните настапи во оваа сезона.

26-годишниот Фасио е висок 195 см , а од 2007-та година е дел од тимот на Севиља. Тој забележа 123 натпревари и 10 гола за овој период.

Фасио има договор со Севиља до летото 2018-та година, но клаузулата за негово ослободување е премногу мала, 10 милиони евра и нема да биде проблем да биде платена од Барселона.

Мусакио исто така има договор до 2018-та година со Виљареал. Претседателот на „жолтата подморница“, Фернандо Роиг, сепак најави дека е подготвен да ја разгледа секоја добра понуда која ќе пристигне за Аргентинецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП