20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGreat Wall е најголемиот кинески производител за 2013-та

Great Wall е најголемиот кинески производител за 2013-та

great wall 1

„Great Wall“ е кинескиот автомобилски концерн со најмногу продадени возила во минатата година, пишува во анализата на сајтот „chinacartimes.com“. Овој производител во 2013-та година има продадено 627.434 автомобили, што е раст со 28.72  проценти во однос на 2012-та.

По се изгледа дека нема што да го запре „Great Wall“, особено ако се земеме во предвид, дека до пред 10 години, концернот беше гаражен производител на бледи копии на „Toyota Hilux“, наменети за локалниот пазар, истакнува сајтот. Оттаму посочуваат, дека ако се земат во предвид сите концерни кои произведуваат автомобили во Кина, „Great Wall“ го зазема осмото место.

Најпопуларните модели на „Great Wall“ се од палетата „Haval“, познати како „Н6“ ( 137.665 примероци) и „Н5“ (51.870 автомобили). За седанот „C30“ се одлучиле 126.036 купувачи, а за постариот „С50“ 65.611 клиенти. Како разочарувачка се води продажбата на моделите „C20R“ и ванот „V80“, кои просечно имаат по 10.000 продажби.

kina avto brendovi

Вториот по обем на продажбата е кинескиот производител и сопственик на „Volvo“ – „Geely“ со 594.400 продадени примероци. Концернот дури оствари и 11.79 проценти раст на продажбата.

Третото место му припадна на „BYD“ во која акционер е американскиот милијардер Ворен Бафет, со 506.200 продадени возила ( +10.99 % ).

Пазарниот лидер за 2012-та година „Chery“ е концернот со најсериозен пад во продажбата во минатата година, покажуваат збирните податоци. Моделите на овој производител ги купиле 423.200 клиенти, што е за 19.68 проценти послаб резултат од 2012-та година.

„Changan“, пак се шампиони по раст, плус 77.38 проценти, а со продадените 409.600 автомобили се најдоа на петтото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП