20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОдлични резултати за Tesla Motors во минатата година

Одлични резултати за Tesla Motors во минатата година

Apple-Tesla-Motors

Минатата година, компанијата „Tesla Motors“ многу добро работеше и успеа да ја оствари визијата на својот основач и извршен директор, Елон Маск, кој сакаше овој производител на електрични автомобили да биде едно моќно име на автомобилската карта на светот.

Финансиските и резултатите од продажбата на возила на оваа компанија се многу импресивни, ако се има во предвид дека „Tesla“ го нуди само „Model S“. Па така во 2013-та година биле продадени 22.477 единици од „Tesla Model S“, од кои 6.892 примероци во последниот квартал од годината. Како резултат на тоа вредноста на акциите на оваа компанија дополнително пораснаа и надминаа некои граници кои не се очекуваа така брзо.

Ако некои од плановите на Елон Маск за оваа година се остварат, тогаш можеме да очекуваме уште подобри резултати за овој производител.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП