20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKiа Soul EV подготвен за сериско производство

Kiа Soul EV подготвен за сериско производство

kia soul ev

Потпретседателот и главен извршен директор на корпорацијата „Kia Motors“, Хенк Ли најави дека производството на електричната верзија на моделот „Soul“ ќе започне во втората половина на 2014-та година. Се очекува овој автомобил европска премиера да има на саемот во Женева.

Во пресрет на презентацијата пред европската публика, соопштени се и спецификациите на „Kiа Soul EV“. Aвтомобилот се придвижува со електричен мотор кој произведува 110 ks (81 kW) и 285 Nm максимален вртежен момент, а со електрична енергија се снабдува со преку литиум-јонската полимерна батерија од 27 kWh.

Електричниот „Soul“ ќе биде првиот модел на „Kiа“ на струја кој ќе се продава ширум светот. Хенк Ли, кој со внимание го следеше развојот на електричниот „Soul“, рече дека поради големиот интерес кој владее за овие автомобили во Европа го зголемиле планот на испораки за европскиот пазар на скоро 1.000 возила.

Покрај моделот „Soul EV“, „Kia“ во Женева ќе претстави и нова хибридна технологија. Хибридниот погон, кој е развиен во Европа, е наменет за употреба во новите модели на „Kia“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП