4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAvtoVAZ произведе 28 милиони Lada автомобили

AvtoVAZ произведе 28 милиони Lada автомобили

avtovaz-lada

Руски „AvtoVAZ“ прослави многу важен јубилеј. Имено, од производните ленти на компанијата слегоа 28 милиони примероци на брендот „Lada“, a честа да биде славенички автомобил ја имаше „Kalina“ во караванска верзија.

28-милионитата „Lada“ доаѓа со највисок пакет на опрема, автоматски пренос, инфо-забавен систем и клима, а на пазарот ќе се најде по цена од 474.600 рубљи, што е близу 10.000 евра.

Првиот модел во Тољати е произведен во 1969-та година, а денеска во фабриката на руската компанија се призведуваат вкупно 12 автомобили. Најприфатлив модел, финансиски гледно, е „Granta“, чија основна верзија чини 279.000 рубљи, односно околу 5.700 евра.

Меѓутоа, „AvtoVAZ“ за неколку дена ќе престане со производството на „Grantа“, „Kalinа“ и „Nivа 4×4“. Станува збор за редовен процес на оддржување, кој нема да се почувствува во производниот процес на „Ladа Largus“, „Priorа“ и „Nissan Almerа“.

Кон крајот на месецот започнува подготовката за производството на седанот „Datsun“, заснован на „Kalinа“, а се очекува да стартува во април. Во „AvtoVAZ“ истакнуваат дека цената на овој модел ќе изнесува 390.000 рубљи, односно 7760 евра, што би требало да ги „истурка“ почетните продажни резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП