25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVW Golf GTE - хибрид со спортски карактер

VW Golf GTE – хибрид со спортски карактер

golf gte

„Volkswagen“ сакаше во еден модел да смести две крајности – спортски карактер и економичност. А како резултат на тоа, настана „Golf GTE“ со „Plug-in“ хибриден погонски систем.

Информациите дека германската компанија во 2014-та година на купувачите ќе им понуди „Golf“ со хибриден погон се покажаа како точни.

golf gte1

Хибридната верзија е замислена така да автомобилот, покрај малата потрошувачка, на својот сопственик да му овозможи и задоволство при возењето. Оттука е и ознаката „GTE“ која асоцира на моделите со спортски предзнак, „Golf GTI“ и „Golf GTD“.

Кога станува збор за дизајнот, хибридот не се разликува многу од стандардниот „Golf“. Дека сепак станува збор за возило кое за погон користи и електрична енергија, укажува изгледот на предниот дел на автомобилот кој е превземен од електричниот модел „e-Golf“.

golf gte2

Спортското педигре е назначено од „GTI“ моделот, па така карактеристичната црвена лајсна на маската на ладилникот е заменета со сина, која кај „Volkswagen“ ја означува „зелената“ технологија.

И во внатрешноста на автомобилот присутни се типични „GTI“ карактеристики, како карираните спортски седишта и спортскиот волан.

golf gte3

„Golf GTE“ стандардно е опремен со мултимедијалниот систем „Composition Media“ со 6.5 инчен екран, а како опција е достапен навигацискиот уред „Discover Pro“.

Со оглед дека станува збор за автомобил кој има сложен хибриден погонски систем, на возачот на располагање му се достапни и дополнителни функции и информации за работата на моторот и полнењето на батеријата, кои се покажуваат на мониторот. На податоците може да им се пристапи и онлајн, со помош на апликација за смартфон, што е корисно кога сопственикот го паркирал автомобилот и го прикличил на струја за да ја дополни батеријата.

golf gte4

Хибридниот „Golf“ зa погон користи 1.4-литарски четирицилиндричен „TSI“ турбо-бензинец, кој е поврзан со електричен мотор и литиум-јонска батерија од 8,8 kWh.

Бензинската единица испорачува 150 ks (110 kW), a eлектромоторот располага со 102 ks (75 kW). Комбинираната снага на погонскиот систем достигнува 204 ks, a максималниот вртежен момент изнесува 350 Nm. Само за споредба, „Golf GTI“ во основната верзија испорачува 220 ks.

Моќта се пренесува со помош на шестстепен „DSG“ менувач кој е развиен специјално за автомобилите со хибриден погон. Кога се вози во хибриден начин, односно кога двата мотори се во функција, автомобилот е во состојба од 0 дo 100 km/h да стигне за 7,6 секунди и да развие максимални 217 km/h.

golf gte5

Ако за погон се користи само електромоторот, максималната брзина е ограничена на 130 km/h, a возилото може да помине до 50 km. На батеријата и е потребно три ипол часа за целосно да се наполни преку стандардниот штекер за домаќинство.

Во „Volkswagen“ велат дека со полн резервоар и батеријата, максималната автономија во возењето е 940 km.

Кога станува збор за економичноста, „Volkswagen“ се пофали дека автомобилот според фабричките податоци во комбиниран начин на возење, троши само 1,5 l/100 km, додека емисијата на „CO2“ изнесува 35 g/km.

„Golf GTE“ ќе има премиера на авто-саемот во Женева, а датумот за стартот на продажбата и цената на возилото дополнително ќе бидат соопштени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП