3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАтлетска и спортска компактна форма Audi во Женева го претставува новиот...

Атлетска и спортска компактна форма Audi во Женева го претставува новиот ТТ(фото)

tt

• Дизајнот потсетува на моделот од првата генерација
• Audi виртуелната кабина и Matrix LED светлата технички го нагласуваат
• Светол внатрешен дизајн со спортски стил

Затегнат и мускулест, спортски и секогаш подготвен: За 11 дена, новиот Audi TT ќе го  има своето деби на автомобилскиот саем во Женева. Кај третата генерација на компактниот спортски автомобил, дизајнерите реинтерпретираат  идеи од првата ТТ генерација од 1998 година – но на еден динамичен поинаков начин.

tttt

Во предниот дел на новиот Audi TT доминираат хоризонтални линии. Единечната решетка е поширока и порамна. Позицијата на логото со четири прстени е поставено на ново место: Тоа сега се наоѓа на централниот преден дел на поклопецот на моторот, со што потсетува на R8.

ttr

Многу детали на новото купе потсетуваат на дизајнот од првата генерација. Формата на прагот и широките лакови на тркалата составуваат различни геометриски ентитети. Напред лаковите на тркалата се вкрстуваат со линијата над вратите која се протега до задниот дел на автомобилот.

tty 

Третата генерација Audi TT, дизајнерската икона  е систематски рафинирана и внатре и надвор – а резултатот е спортски автомобили со педигре. Особено е препознатлив по острите линии, кои го дефинираат многу динамично и прецизно. Од почеток до крај комбинацијата на линиите, сенките и површините создаваат неверојатна тензија.

C

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП