4 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНето профитот на „Aeroflot“ зголемен за 3,6 пати

Нето профитот на „Aeroflot“ зголемен за 3,6 пати

aeroflotflota

Нето профитот на руската авиокомпанија „Aeroflot“ минатата година е зголемен за 3,6 пати во однос на 2012 година, на 11 милијарди рубљи (229 милиони евра).

За раст на нето профитот придонесе зголемувањето на обемот и рентабилноста на авионските летови, како и растот на останатите приходи (од продажбата на уделот во фирмите-ќерки, курсните разлики и сл.), соопштија од компанијата.

Приходите во 2013 година достигнаа 206,27 милијарди рубљи, што е за 29,69 милијарди рубљи повеќе отколку во претходната година (раст од 16,8 проценти.)Растот на приходите е остварен со зголемената побарувачка во авиосообраќајот, објаснуваат од компанијата.

Долгорочните обврски на компанијата во текот на 12 месеци во 2013 година се зголемени во однос на 31. декември 2012 година за 2,68 милијарди рубљи (22,6 проценти) на 14,52 милијарди рубљи.

Краткорочните обврски достигнаа 38,53 милијарди рубљи, што е за 9,63 милијарди рубљи или 20 проценти помалку во однос на крајот на 2012 година.

Авиокомпанијата минатата година имала вкупно 20,9 милиони патници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП