6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAlfa најавува уште помоќна Giuliettа

Alfa најавува уште помоќна Giuliettа

alfa-romeo-giulietta

Моментално со два ипол сериски примероци во продажба („MiTo“, „Giulietta“ и „4C“ во ограничена серија), „Alfa Romeo“ неможе да се пофали со завидна понуда на модели, како ни со продажните бројки. Но, оваа година сето тоа би можело да се промени, затоа што постоечките модели ќе добијат дополнителен притисок за да ја подигнат потребната еуфорија околу брендот.

Иако минатата година помина низ незначително освежување, тука не е крајот за новитетите кои се поврзани со 4 години старата „Giuliettа“ хечбек во „C“ сегментот. Имено, според последните информации, италијанската компанија ја подготвува досега најмоќната верзија на овој модел.

Под името „Giulietta Quadrifoglio“, ова возило за погон ќе го користи легендарниот 1750 Tbi турбо бензински агрегат со 240 ks и 350 Nm вртежен момент. Имено, станува збор за благо подигнување на моќта за 5 ks и 10 Nm, па така во перформансите и нема да се почуствува преголем напредок.

Истата единица веќе го придивжува и супер-лесниот „4C“. Во хечбекот, единицата ќе биде поврзана со шестстепена автоматска трансмисија „TCT“ со двојно квачило и пренос на снагата на предните тркала, со што се обезбедува забрзување од 6,5 секунди до „стотка“ и максимални 242 km/h.

Од козметичка страна се очекува нешто поагресивен „body-kit“ со изразени браници на двата краја на каросеријата, пониски прагови и поголеми тркала со веќе познатите од „Quadrifoglio Verde“ верзијата на „Giuliettа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП