27 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 18.02.2014

Дневен хороскоп 18.02.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Овој ден ќе бидете оптеретени да постигнете се, дури и ќе претерате. Со одредена доза мудрост и професионална тактика, лесно можете да се наметнете пред соработниците кои имаат важна улога во работните преговори. Но, внимавајте да не ве разберат погрешно. Одржувајте ги контактите со пријателите, започнувате да ги губите.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Нешто ќе ја зголеми вашата самодоверба и ќе ве мотивира да се борите за повеќе во животот. Започнете да верувате дека можете да постигнете се што ќе наумите. Не се ни обидувајте да бидете скромни и не се двоумете дали да повлечете некој храбар потег. Од денес започнува периодот во кој ќе бидете презадоволни на љубовен план, а успешни на професионален.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Истражувачката природа во овој период ќе дојде до израз. Колку и да ви се чини невозможно, ќе успеете да ја откриете вистината за една работа што постојано ве измачува. Она што треба да се дознае ќе дојде во моментот кога најмалку ќе го очекувате тоа, но добрата анализа само ќе ви помогне да дојдете побргу до целта.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Некој ќе се обиде да ја наруши вашата духовна хармонија и да ве налути, но самоконтролата нема да ви побегне од рака. Вие умеете добро да ги контролирате нештата, па ваквите провокации ќе ги сфатите како љубоморен обид на околината да ви наштети. Обидете се позитивната енергија да ја насочите кон убави нешта.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Мудро ќе влетате во нови работни потфати. Сфаќате дека нема што да изгубите. Кој ризикува тој и добива. На почетокот од денот ќе имате желба деловната ситуација да ја превртите во своја корист и тоа дипломатски. Бидејќи не умеете на правилен начин да ја трошите енергијата можни се здравствени проблеми.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе бидете исклучително продуктивни и ефективни, па заслужено ќе добиете многу повеќе од аплаузи и комплименти. Ќе кроите големи планови за иднината. Не се задоволувајте со малку. Личност од посилниот пол ќе има големо влијание во вашиот живот во следните месец дена.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Имате чувство дека сте стигнале со нештата до самиот крај. Можеби претерувате со вашата песимистичка природа, бидејќи не можат постојано да се случуваат убави нешта. Некои работи едноставно мора да ги прифатите и да се обидете да продолжите натаму. Колку и да се чини невозможно, среќата им се насмевнува на најхрабрите.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Отежнатата комуникација ќе биде главен проблем со кој ќе се соочите во периодов. Причината за тоа ќе бидат острите критики што претпоставените ќе ги упатат на ваша сметка. Но, не очајувајте. Сите имаат добри и лоши моменти на успех, па за кусо време ќе успеете да ги вратите старите позиции.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе ја подзанемарите работата за да се зближите со пријателите. Ќе бидете поспонтани и тоа ќе ви донесе многу повеќе страст. Доколку не сте во врска, во овој период голема е веројатноста некој ваш пријател да ви изјави љубов, или пак, да запознаете интересна личност преку ваши пријатели.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Советите што ви се даваат со добра намера постојано ги сфаќате како лична критика и сметате дека некој се труди да ја покаже слабата страна на вашиот потенцијал. Можеби малку избрзувате со останатите соработници, па затоа наместо да се лутите, изберете да слушате и на тој начин ќе успеете да постигнете солидни резултати.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Вие сте неуморни и обожавате кога сте активни, но сега ќе бидете принудени да го забавите темпото на живот. Во овој ден често ќе се жалите дека ви недостига енергија и ќе имате потреба од повеќе одмор. Добрата вест е што ќе посветите повеќе време на вашето емотивно здравје и ќе оставите зад себе нешто што тежело како камен на срце.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Рамнотежата кај вас доаѓа од природата на знакот, па затоа важите за најголеми балансери кога е потребно тоа. Премногу размислување на одредени теми нема да ви донесе ништо добро, па затоа одлучете се да им се препуштите на моментите, колку и да изгледа тоа чудно за вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП