6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот мал градски автомобил на Пежо, моделот 108 (фото+видео)

Новиот мал градски автомобил на Пежо, моделот 108 (фото+видео)

pezo 108

Пежо го претстави својот нов мал градски автомобил 108, што ќе се појави во две верзии 108 хеџбек и 108 ТОП кабриолет.

Возилото e со должина од 3,47 метри, ширина од 1,62 метри и тежина од само 840 килограми и целосно е прилагодено на условите за возење низ град.

pezo 1081

Архитектурата на возилото нуди одлична прегледност на возачот во секоја насока.

Во соопштението на компанијата се наведува дека ентериерот е дизајниран да биде иновативен, а централно место зазема екран од 7 инчи осетлив на допир.

pezo 1082

Новиот Пежо 108 нуди многу опции за персонализација во однос на голема палета бои на каросеријата, придвижуван покрив и три различни теми на ентериерот.

Во понудата на агрегати се наоѓаат неколку ефикасни трицилиндерски мотори меѓу кои 1,0 литарски е-ВТи со 68 коњски сили, 1,0 литарски ВТи со 68 коњски сили и 1,2 литарски ПуарТек Вти со 82 коњски сили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП