3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо и Бејл се најплатените меѓу „кралевите“

Роналдо и Бејл се најплатените меѓу „кралевите“

roniia

Најдобриот фудбалер во светот за 2013-та година, Кристијано Роналдо е најплатен играч на Реал Мадрид со годишна заработка од 17 милиони евра нето, додека Кралскиот клуб за плати издвојува околу 200 милиони евра, што е клупски рекорд, пренесува Ел Мундо Депортиво.

Бруто платата на најплатениот фудбаелр на светот во 2013, заедно со данокот, изнесува дури 35,3 милиони евра.

На второ место во редовите на „кралевите“ е Герет Бејл, кој во минатото лето од Тотенхем стигна во Реал Мадрид за 101 милиони евра, што е најголем трансфер во историјата на фудбалот. Велшанецот годишно зараборува 11 милиони евра.

Третото место го делат Икер Касиљас и Чаби Алонсо со по 6 милиони евра, а следат Серхио Рамос и Карим Бензема со по 5.5 милиони евра.

Во третиот ред се Лука Модриќ со 4.5, Марсело со 4, Пепе со 3.8, Анхел ди Марија и Фабио Коентрао со по три милиони евра нето заработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП