19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFerrari California со турбо мотор

Ferrari California со турбо мотор

t california

Италијанскиот производител направи значајни промени во својот најдостапен модел, кој во своето име сега ќе ја има дополнителната буква „Т“. Тоа значи дека „California“ за прв пат добива мотор со турбо-полнење.

Погонот е доверен на 3.9-литарскиот V8 турбо мотор со директно вбризгување. Овој агрегат е заснован на моторот кој ги придвижува моделите на „Maserati“ – „Quattroporte“ и „Ghibli“.

Од „Ferrari“ истакнаа дека во однос на основната единици која се користи во „Maserati“, работната зафатнина пораснала од 3.799 нa 3.855 ccm. Тоа овозможи да се зголеми моќта и максималниот вртежен момент кој моторт го испорачува и тоа од 530 ks и 710 Nm, нa 560 ks и 755 Nm.

t california1

Максималните 560 „коњи“ се достапни на 7.500 o/min. Само за споредба, актуелниот мотор кој за погон го користи моделот „Ferrari California“, 4.3-литарскиот атмосферски V8, испорачува 490 ks и 505 Nm.

„Ferrari“ ги уверува симпатизерите дека не треба да стравуваат дека со воведувањето на турбо-полначите ќе се изгуби карактеристичниот звук на моторот кој досега го одликуваше овој модел.

Кога станува збор за перформансите, „Ferrari California T“ дo „стотка“ стигнува за 3,6 s, што е за 0,2 s подобро време во однос на претходникот. Зголемена е максималната брзина од 312 нa 316 km/h.

t california2

Една од основните причини зошто „Ferrari“ се одлучи за турбо мотор е потребата од новите еколошки регулативи да се намали потрошувачката, а со тоа и големото загадување кое го произведуваат супер-спортските автомобили.

Благодарејќи на овој мотор потрошувачката е намалена за 15 проценти и според фабричките податоци автомобилот во комбиниран режим троши 10,5 l/100 km, додека емисијата на јаглерод-диоксид е намалена за 20 проценти и сега изнесува 250 g/km.

Што се однесува до промената во доменот на конструкција, подобрена е шасијата и управувачкиот систем, а подобрен е и системот за суспензија кој ја доби најновата генерација на „Magnaride“ амортизерите. Тие имаат за 50 проценти побрз одговор во однос на оние кои се наоѓаат во актуелниот модел.

t california3

Кога станува збор за дизајнот, „Ferrari“ изврши одредени козметички промени на автомобилот по угледот на моделите „F12 berlinetta“ и „FF“. Редизајнот на предниот дел вклучува и различни фарови, поголема маска на ладилникот и редизајниран браник, додека позади е променет дифузорот.

Редизајнирана е и контролната табла со нови, делимично дигитализирани инструменти, како и централната конзола која содржи 6.5 инчен екран за мултимедијалниот систем.

„Ferrari California T“ ќе има премиера на саемот во Женева, по што овој модел ќе пристигне во продажните салони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП