4 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИЕврото останува послабо од доларот

Еврото останува послабо од доларот

aze

Цената на валутниот пар EUR/USD во последниве неколку недели се движи во една ограничена зона или “Range” помеѓу нивоата 1,3700 и 1,3500, но сепак во надолен канал што може да заприметете во графичкиот приказ на 4-часовен временски период.

Вчерашниот ден помина во знакот на повторно слабеење на еврото во однос на доларот, каде цената по трет пат се одбива од највисоката точка 1,3670 и со засилен моментум во краток период од само 4 часа падна на нивото на првата поддршка 1,3560.

Во тек на мирната азиска сесија повторно се корегираше во благо нагорно движење за утрово пред да се отворат европските и англиските берзи ја забележи цената од 1,3630.

За следното движење на EUR/USD според техничката анализа на временски период од 4 часа постои поголема веројатност да цената продолжи во надолен тренд, но сепак резервирано се додека не се пробие повторно долната граница од 1,3560 како конфирмација за трендот.

Но сепак знаејки дека фундаменталните фактори исто така играат своја улога за туркање на цената, ќе мора да се почека на неколкуте економски објави во еврозоната, а при случај на оптимистички резултати можен е раст на еврото и доколку цената на EUR/USD ја пробие вчерашната највисока цена од 1,3685, тогаш ќе имаме случај на пробив и тенденција за подолгорочен раст.

Графички приказ EUR/USD H4:

axe

Како на сликата горе максимално ниво за собирање на профитите во случај на продажба на EUR/USD е долната страна на каналот при цена 1,3436, а во случај цената да расте, купувачите може да купуваат се до цена на највисокото ниво од 1,3800.

 

На помал временски период од 1 час, EUR/USD како да формира формација според теоријата на Елиот, каде најгорниот врв претпоставуваме дека е почетниот бран A-B, корекцијата која се случи утрово ни означува бран B-C и за комплетирање на целосна формација би требело да се спучти цената со уште еден бран C-D.

Графички приказ EUR/USD H1:

ave

При евентуално комплетирање на последниот надолен бран, цена на поддршка е 1,3480, но можно е и понатамошно паѓање според анализите на поголеми временски периоди.

 

Срдечно,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП