4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Ѓаволите“ ги зголемија приходите за 11.6 проценти на крајот на 2013-та

„Ѓаволите“ ги зголемија приходите за 11.6 проценти на крајот на 2013-та

man utd prihodi

Англискиот шампион Манчестер Јунајтед доби повод за радост во позадина на слабата сезона со евидентирањето на покачени приходи за 11.6 % за вториот квартал на финансиската 2013-та година.

Растот главно се должи на спонзорските договори и продажбата на телевизиските права. Клубот соопшти дека е на пат да ги исполни поставените цели за приходи и профит до истекот на пресметковниот период на крајот на јуни.

Објавените информации за последните три месеци од календарската 2013-та година покажуваат зголемување за 11.6 % до 122.9 милиони фунти во однос на претходниот пресметковен период. Пред одданочување клубот имал профит од 51 милиони фунти, што е зголемување од 1,6 %.

Средствата од трговските трансакции и продажба на ТВ права се зголемиле за речиси 19%. Ова се должи пред се во стапувањето во сила на шест спонзорски договор, меѓу кои и оние со „Fuji TV“ и „Banif Bank“.

Во моментов клубот го зазема едвај седмото место во генералниот пласман на Премиер лигата во првата сезона под водство на новиот менаџер Дејвид Мојс, кој го замени Сер Алекс Фергусон во текот на летото. „Црвените ѓаволи“ се наоѓаат на цели 16 поени од лидерот Челзи и се загрозени да го пропуштат учеството во Лигата на шампионите за првпат од 1995-та година.

Покрај слабата форма, Јунајтед очекува голем пораст во прометот заради подобрените договори за ТВ-правата во Премиер лигата и спонзорските договори. Клубот предвидува приходи од 420-430 милиони фунти за оваа сезона во однос на 363 милиони од претходната сезона.

Минатиот месец шампиони започнаа преговори со неколку компании за испорака на опрема, меѓу кои и „Најк“, чиј договор истекува на крајот на следната година. Во вторникот акциите на „црвените ѓаволи“ на берзата во Њујорк изнесуваа 15.23 долари за акција или со 19 % пониска вредност во однос на една година порано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП