27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТројно зголемен профитот на Societe Generale

Тројно зголемен профитот на Societe Generale

Societe Generale131

Француската банка „Societe Generale“ минатата година речиси скоро тројно го зголеми нето-профитот во однос на 2012-та година и тоа на 2.18 милијарди евра, со зголемена адекватност на капиталот во четвртиот квартал.

Овие резултати се во склад со прогнозата на аналитичарите од агенцијата „FaktSet“, пренесува „Франс Прес“.

Банката во четвриот квартал се врати на патот на профитот со заработка од 322 милиони евра, двојно повеќе во однос на очекувањата на аналитичарите. Нето-приходите во 2013-та година се намалени за 1.2 проценти или на 22.8 милијарди евра.

Од „Societe Generale“ објавија дека во третиот квартал од 2013-та година, банката го подигнала нивото на основниот висококвалитетен капитал во однос на вкупната актива на 10 проценти, а сето тоа во склад со прописите за капитал на „Базел lll“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП