2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠkoda Octavia Scout зa 2014-та година

Škoda Octavia Scout зa 2014-та година

skoda scout

„Škoda“ ги објави првите фотографии и детали од новата генерација на моделот „Octavia Scout“ кој ќе има премиера на саемот во Женева.

Семејството „Octavia“ доби уште еден член, теренска караван верзија – моделот „Scout“. Автомобилот е базиран на моделот „Combi 4×4“, кој беше претставен во половината на 2013-та година.

Во однос на тој автомобил, „Octavia Scout“ има корисни заштитни пластични додатоци на долниот дел на браниците, по должината на праговите и на крилата, како и заштитна лента на дното на вратите, а тука се и украсните носачи на покривот.

skoda scout1

Во „Škodа“ истакнуваат дека во однос на стандардната караван верзија на моделот „Octavia“, „Scout“ има за 33mm поголемо растојание од земја, што го прави многу употреблив теренец, а автомобилот е со специјално дизајнирани 17 инчни алуминиумски бандажи.

Како и кај моделот „Octavia Combi 4×4“, моќта се пренесува на сите четири тркала со помош на подобрениот систем за пренос и последната генерација на квачилото „Haldex 5“.

Подобрениот систем овозможува „интелегентна“ распределба на моќта, како меѓу осовината, така и меѓу секое тркало посебно. Во обични услови на возење, најголемиот дел од моќта се пренесува на предните тркала, а доколку е потребно таа постепено се распределува и на задната осовина.

skoda scout2

„Škoda“ соопшти дека во понудата ќе бидат два дизели и еден бензинец. Спецификациите на моторите не се објавени, а најверојатно станува збор за истите единици кои се користат во моделот „Combi 4×4“.

Во тој случај, станува збор за 1.6 TDI дизел мотор кој развива 105 ks, 2.0 литарски TDI агрегат со 150 ks и 1.8 TSI бензинец со 180 ks.

Повеќе детали за моделот „Škoda Octavia Scout“ зa 2014-та ќе бидат познати за време на одржувањето на авто-саемот во Женева на почетокот на март, а автомобилот во продажните салони ќе се појави во втората половина на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП