АВТОБИЗ

Британската компанија David Brown го најави својот прв автомобил

David Brown Automotive project

Сосема новата британска компанија за луксузни автомобили „David Brown Automotive“ ги објави сликите и спецификациите на својот прв проект кој е наречен „Judi“.

Под интересната надворешност, според која можеме да претпоставиме од првите слики, станува збор за шасијата на „Јaguar XKR“, a за придвижување на автомобилот ќе биде задолжен 5.0-литарски V8 мотор со 503KS и 625Nm вртежен момент со шестстепен автоматски менувач.

dbautomotive_web

„Judi“ до „стотка“ ќе стигнува за 4.6 секунди, а максималната брзина ќе изнесува 248km/h.

„Затоа што безбедноста ни е најважна, се одлучивме за проверена шасија која покрај динамичките перформанси совршено се вклопува со нашиот лесен алуминиумски дизајн“, соопштија од компанијата.

1312

Покрај врвните перформанси, тука е и оргиналниот дизајн на ентериерот и екстериерот од материјали од највисок квалитет.

„Сакавме да постигнеме изглед на класичен спортски автомобил со модерни способности и бенифиции“.

Прокетот „Judi“ официјална светска премиера ќе има во Монако на 17-ти април 2014-та година.