28 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 11.02.2014

Дневен хороскоп 11.02.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Можно е да дојде до несогласување на работното место, но вие сте онаа личност која би требало да ја смири ситуацијата и да ја доведе расправата до конструктивен крај. Внимавајте на деталите од проектите, особено на оние кои го разубавуваат крајот. Финансиите ви се на незавидно ниво, премногу трошите на нешта за кои подоцна гледате дека воопшто не ви се потребни. Внимавајте на храната, одржувајте витка линија.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Конечно ќе чувствувате стабилност, па не се обидувајте повторно да ги повикате проблемите во вашето секојдневие. Главата ви е полна со идеи кои чекаат да бидат реализирани, но денес не е погоден ден за да започнете нешто ново. Подобро фокусирајте се на личните и професионалните проекти кои веќе ги имате пред вас. Една задача што не треба да ја избегнувате е планирањето на финансиските средства, бидејќи лесно може да се најдете во криза.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Никако нема да можете да ги соберете вашите мисли на едно место. Дури и да сакате да останете сконцентрирани, нема да успеете, затоа што фантазиите повеќе ќе ве привлекуваат. Чукнете си ја главата, отворете ги очите! Има многу работи кои пропуштате да ги видите поради тоа што талкате во фантазиите.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе добиете шанса да освоите нечии симпатии и можеби ќе добите добра деловна понуда за која не можете ни да сонувате. Ќе бидете подготвени да влезете во некој недоволно разработен аранжман кој се однесува на странство или на медиумите, но на вас тоа нема да ви пречи. Не го кажувајте тоа што ги нервира другите, особено ако во вашата околина имате лица кои се чувствителни на секој збор. Бидете достоинствени и држете до себе. Можна е добра соработка со некој Лав.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Имате идеја која сакате да ја споделите? Ова е одличен ден за да го сторите тоа. Без разлика дали се работи за личен или професионален проект, ќе имате способност да ги убедувате луѓето да ги прифатат вашите идеи. Искористете ја дадената шанса.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес е можно да претерувате, правејќи ги нештата поголеми отколку што всушност се. Приказните кои вклучуваат малку повеќе фантазија можат да бидат интересни, но можат и да ве доведат во неволја. Не „паѓајте“ на ветувања што звучат премногу добро за да бидат вистинити.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Искористете го оптимизмот и насочете се кон своите идеи. Вложувате минимални напори, а постигнувате добри резултати. Се наоѓате во добра положба и трудот кој го вложувате ви се исплати. Очекувајте добра соработка од која ќе бидете задоволни. Најважно е да сте во хармонија со самите себе.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Расположени сте за дебатирање и за интересен разговор. Сепак, не се задлабочувајте во дискусија со претерано зборлеста личност. Тоа може да ви одземе неколку часа од денот, па потоа ќе ви биде криво што сте го потрошиле времето бескорисно. Проценете дали вашиот соговорник сака да се поврзе со вас или пак сака само да си го слуша сопствениот глас.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не сте подготвени да попуштите пред барањата на некој кој сметал на вас. Не влегувајте во расправии со ониe кои не се доволно зрели или кои имаат нешто против вас. Денес можете да бидете прилично сентиментални или носталгично расположени поради нешто што се однесува на вашиот успех во минатото. Имате можност да го повторите. Верувате дека ќе можете да се снајдете во некоја нова работа која би можела да ви донесе добра заработка.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Бидејќи упорно настојувате да го добиете од другите она што не се во состојба да ви го дадат, кавгата е неминовна. Се советува внимателност, и тоа не само кога се во прашање зборови. Обидете се аналитички да му пријдете на проблемот и да најдете за него оправдување. Доста ви е од трач и озборување. Се повлекувате во свој свет, па на мир анализирате се што ви се случува. Собирате сила за нови победи, а ќе имате победи за некој ден.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Родените на почетокот на овој знак мораат посериозно да се позанимаваат со своите работи и да се вклучат во некаков проект кој би можел да им донесе подобри приходи. Ако сте предмет на критика, односно постои сомнеж за вас дека не сте доволно активни и дека не се ангажирате доволно во рамките на работата, не им забележувајте на оние кои ве критикуваат, наместо тоа од нивната критика извлечете го максимумот. Можна е обнова на соработката со некој Бик или Шкорпија.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Најдобро за вас е да бидете смирени и истрајни. Благодарение на талентот за организација, можете да очекувате успех. Морате да се изборите со своите негативни особини како што се ароганцијата и тврдоглавоста. Бидејќи периодов сте премногу амбициозни, може да наидете на неволја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП