4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi на почетокот на 2014 година ги зголеми испораките за 11,7%

Audi на почетокот на 2014 година ги зголеми испораките за 11,7%

A

Успешен старт: AUDI AG ги зголеми испораките во месец јануари за 11,7%, во споредба со истиот период минатата година, испорачувајќи околу 124 850 возила во целиот свет. Компанијата забележа раст на испораките во сите светски региони. Во Европа, Audi минатиот месец ги зголеми испораките за 7,8%, во регионот Азија – Пацифик 17,6%, а во Америка беше забележан раст од 3,0%.

“Ние го подобривме рекордот од јануари 2013 година и ќе го пренесеме позитивниот тренд во останатите месеци од новата година “, изјави Лука де Мео , член на одборот на директори за продажба во AUDI AG и додаде – „Целиме кон тоа да растеме многу повеќе од светскиот автомобилски пазар во 2014 година ”

Во јануари, производителот на премиум автомобили забележа зголемување на  побарувачката за компактната класа. Испораките на моделите од семејството А3 во целиот свет се зголемија за 67,2% или околу 17 450 возила од почетокот на годината. Испораките од моделот Q3 се зголемија за 72,6% или околу 15 000 возила. Сето тоа придонесе испораките на целата гама на Audi да се зголеми за 11%. Најбрзо растечки модел беше Q7. Испораките кај овој модел се зголемија за 40,8% во првиот месец од 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП