17 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИBoeing ја поправа грешката со батеријата

Boeing ја поправа грешката со батеријата

dream

Компанијата „Boeing“ работи на измените во дизајнот на батеријата, со што ќе го минимизира ризикот од пожар на авионите „Dreamliner 787“ и можно е авионите од тој тип повторно да започнат со летање во март, објави во четвртокот весникот „Wall Street Journal“.

Американските воздухопловни власти во исто време најавија дека ќе дозволат еден авион од тој тип, под строги услови, да полета од Тексас до фабриката во Вашингтон.

Регулаторните агенции ширум светот ги зaбранија летовите на технолошки напредните „Dreamliner“ авиони во средината на јануари, откако во Бостон се запали батеријата на еден авион и откако е забележан уште еден инцидент поврзан со батеријата во Јапонија.

Американската фабрика за авиони „Boeing“ ја прекина испораката на новите „787 Dreamliner“ авиони, додека не го реши проблемот со батеријата на авионите и најави дека ќе продолжи да ги произведува, но нема да ги испорачува додека не се реши проблемот.

Сите 50 авиони „787 Dreamliner“ на „Boeing“ кои се во комерцијална употреба се приземјени, откако принудно беше слетан авион од Јапонската компанија „All Nippon Airways“, поради прегревање на батеријата.

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП