4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault го претстави самоуправувачкото возило Next Two (видео)

Renault го претстави самоуправувачкото возило Next Two (видео)

next two

Француската компанија има намера до 2020-та година на пазарот да го понуди првото автономно возило, а веќе ја тестира потребната технологија на прототипот „Next Two“ кој е заснован на електричниот модел „Zoe“.

Исто како и другите производители на автомобили, „Renault“ верува дека иднината е во самоуправувачките автомобили. Па за таа цел е развиено возилото „Next Two“, кое е во состојба целосно автономно да се движи во сообраќај при брзина до 30 km/h.

Тоа му го овозможуваат бројните сензори и камери кои го следат движењето на другите учесници во сообраќајот и патот по кој возилото се движи. Така собраните информации стигнуваат до централната контролна единица која врз основа на овие податоци го контролира управувањето, забрзувањето и сопирањето.

Погледнете ја демострацијата од автономното возење на прототипот „Next Two“:

Технологијата го опфаќа и системот „Automated Valet Parking“ кој овозможува автомобилот по возењето сам да вози до местото предвидено за паркирање, како и да ве чека на локацијата каде што сакате да влезете во него.

Покрај технологијата за автономно возење која не бара интервенција од возачот, автомобилот овозможува 3G/4G/WiFi поврзаност и опремен навигациски систем кој во реално време ги пренесува информации за состојбата на патот по кое возилото се движи, како и евентуалните одложувања.

Прототипот „Next Two“ по пат на големиот централно поставен монитор и со помош на видео конференциска врска го претвора автомобилот во виртуелна канцеларија, со што се зголемува функционалноста на ова возило.

next two1

На тој начин самоуправувачките возила дополнително добиваат на значење затоа што времето кое возачот го поминува во него може да го искористи за извршување на некоја работа.

„Идеата беше не само да направиме автомобил кој може возачот и патниците безбедно да ги превезе, туку благодарејќи на тоа возачот да немора директно да се ангажира околу управуањето, па така да добие слобода да извршува некои други активности“, објаснува извршниот директор на „Renault“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП