19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 10.02.2014

Дневен хороскоп 10.02.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Совршен ден за забава и уживање, иако ве пристискаат некои рокови кои полека преминуваат во доцнење. Средете го тоа во текот на денот, за да можете да седите мирно, а по работата, време е за убава средба со пријателите.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Идеите непрекинато ви доаѓаат, и сега навистина е вистинското време некои од нив да започнете да ги претворате во реалност. Иако во моментов сте окупирани со глобални прашања, свртете се околу себе и првите промени направете ги во својата непосредна околина.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Избегнете да влегувате во тесно и концентрирајте се на она што ви се случува моментално. Не дозволувајте проблемите да ве контролираат. Подобро е денес да се концентрирате на оние проблеми кои можете да ги решите, наместо на нешто од минатото кое не можете да го промените. Закажете средба со поранешните соработници, ќе ви се отвори можност за дополнителен профит.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Внимавајте како размислувате за себе и не се критикувајте премногу. Обидете се да ги избегнете негативните мисли и не им дозволувајте на песимистичните луѓе да ви влијаат на енергијата. Денес лесно ќе го прифаќате туѓото мислење. Нема да имате потреба од навлегување во долги дискусии или натпревари.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Надевајте се на големи промени кои со себе носат сериозни одговорности. Конечно можете да земете здив, бидејќи многу работи се искристализираа. Доколку сте паметни, ќе успеете да го извлечете максимумот од ситуацијата. Тоа особено се однесува на партнерот.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес нема да бидете многу сигурни во вашата финансиска ситуација, и тоа може прилично да ве вознемири. Некои информации кои ќе ги добиете, исто така може да ве вознемират. Не се повлекувајте, искажете го вашето незадоволство. Пред да почнете нешто да планирате оценете ги сите работи.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денот е одличен за комуникација. Потрудете се да организирате дружење со голем број луѓе. Најдобро за понатамошниот тек на настаните е да избегнувате конфликти. Јавете се на пријателите со кои долго не сте се виделе. Одбранете ги вашите ставови и верувања без да бидете агресивни. Ќе ви недостасува трпение, но на крајот на денот се ќе си дојде на свое место.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Бидејќи некои работи сте ги расчистиле со себеси, на проблемите им пристапувате на нов начин. Благодарејќи на енергијата, тргнувате во нови походи. Тие се однесуваат на љубовта и уметноста. Заљубени сте и тоа ви носи добро расположение.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Иако копнеете да бидете на врвот, понекогаш и второто место не е за потценување. Денес балансирајте помеѓу соло и тимска работа. Заборавете на егото и оставете вашите дела да зборуваат за вас. Треба да му обрнете повеќе внимание на одредено лице од спротивниот пол и да ги подобрите односите со него.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Во фаза сте на материјална експанзија. Станавте вистински скржавец, кој само ги брои парите. Бидејќи имате многу издатоци, нема да дозволите лесно да ги потрошите парите. Направивте план и од тоа нема да отстапите. Можни се здравствени проблеми, предизвикани од лош метаболизам, па диетата е идеално решение.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес некој ќе ја насочи целата своја негативна енергија кон вас, бидејќи во неговите очи ќе бидете непријател. Движете се со исправена глава и покажете дека неговите тешки стрели не можат да ја пробијат вашата цврста надворешност. Ќе го избегнувате затворениот простор. Постојано ќе сакате да сте во движење.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Имате идеја која сакате да ја споделите? Ова е одличен ден за да го сторите тоа. Без разлика дали се работи за личен или професионален проект, ќе имате способност да ги убедувате луѓето да ги прифатат вашите идеи. Искористете ја дадената шанса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП