25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSuzuki Celerio - новиот мал градски автомобил

Suzuki Celerio – новиот мал градски автомобил

celerio

Jапонскиот производител во Женева на европската публика ќе и претстави нов глобален мал градски автомобил наречен „Celerio“. Oвој автомобил би требало во гамата на „Suzuki“ да го замени актуелниот модел „Alto“.

„Suzuki Celerio“ имаше светска премиера на саемот за автомобили во Њу Делхи, каде беше прикажан како „Maruti Suzuki Celerio“. По Индија, следна станица во рамките на промоцијата на новиот „Suzuki“ ќе биде женевскиот авто-саем.

Јапонскиот производител засега не откри повеќе детали за верзијата за европскиот пазар, но познато е дека моделот кој ќе се продава во Индија е долг 3.600 mm, широк 1.600 mm, висок 1.560 mm, додека неговата маса изнесува меѓу 810 и 830 kg.

На располагање е багажник со зафатнина од 235 литри.

celerio11

Од „Suzuki“ истакнуваат дека станува збор за возило кое е значително пространо за „А“ сегментот во кој припаѓа и дека „CO2“ емисијата ги задоволува пропишаните европски стандарди.

Под хаубата се наоѓа 1.0-литарски трицилиндарски бензиски мотор кој развива 67 ks и 90 Nm максимален вртежен момент. Според фабричките податоци, индиската верзија просечно троши 4,3 l/100 km.

„Suzuki Celerio“ ќе се изработува во фабриката на јапонската компанија во Тајланд. Производството ќе започне во текот на 2014-та година, а автомобилот ќе се продава ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП