26 јуни, 2025
ПочетнаАВТОБИЗAston Martin повлекува 75 проценти од возилата произведени од 2007-та

Aston Martin повлекува 75 проценти од возилата произведени од 2007-та

cast_ff

„Aston Martin“ соопшти дека ќе повлече дури 75 проценти од сите свои спортски автомобили кои се произведени од крајот на 2007-та година, откако откриле дека еден од нивните кинески партнери им доставувал лажни пластични педали за гас за луксузните автомобили.

Планирано е повлекување на вкупно 17.590 автомобили, меѓу кои се сите модели со волан на левата страна произведени од ноември 2007-та, како и сите модели со волан на десната страна кои од нивните фабрики излегле од мај 2012-та година.

Во соопштението е објавено дека со никој од овие модели не е предизвикан посериозен проблем.

Британски „Aston Martin“ откри дека за лажните пластични педали за гас е виновна „Shenzhen Kexiang Mould Tool Co. Ltd.“, компанија од Кина која ги користила деловите обезбедени во „Synthetic Plastic Raw Material Co. Ltd.“ компанија од Донгуанг.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар