Вториот светски производител на камиони, шведската компанија „Volvo“, најави затворање на 4.400 работни места по растот на профиот кој беше помал од очекуваниот. Причината за ваквиот потег е и негативниот ефект на девизните курсеви и трошоците од пласирањето на новите модели.
„Volvo“, кој меѓу останатото ја поседува и марката „Renault Trucks“, во четвртиот квартал во 2013-та година оствари оперативен профит од 3,08 милијарди шведски круни (348 милиони евра), додека финансиските експерти во просек предвидувале 3,80 милијарди круни.
Во истиот период од 2012-та година оваа компанија забележа оперативен профит во износ од 2.9 милијарди круни.
„Volvo“ во соопштението прецизираше дека нарачките во четвриот квартал пораснале за 12 проценти на годишно ниво.