3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШто се случува во Милано?

Што се случува во Милано?

san siro-duzepe meaca

Нема друг фудбалски град како Милано. Некои веднаш ќе се запрашаат, е како нема! А Лондон? А Мадрид? А Манчестер? Да, но никој друг град не може да се пофали со два клуба кои станале европски и светски шампиони. Само Милано!

Во оваа сезона сепак работите на „Џузепе Меаца/Сан Сиро “ не одат воопшто добро. Поточно се е лошо. Интер скапува во Лига Европа, а Милан е како заглавен со „шајки“ во средината на табелата и редовно се бори за поени против разни просечни тимови.

Гигантот Голијат стана еднаков на Давид, само што ова не е парабола, туку современата реалност во италијанскиот фудбал. И колку и другите приврзаници, да речеме оние на Јувентус, да се радуваат, тоа не е воопшто добро за Серија „А“.

Што ги попречува Интер и Милан?

Претежно финансиската немоќ. Фудбалот е пари и бизнис. Клишето е вистина. Бидејќи пред неколку години Берлускони и Морати без проблеми го собираа кајмакот од другите – од Бергкамп и Лаудруп, во Веа и Роналдо и други. Денес, сепак овие времиња се минато. Реалноста во Калчото помеѓу другите и двата милански гиганти се загубија во должината менувањето на редоследот на фудбалската карта. Не така седат работите кај Јувентус. „Старата дама“ го имаше својот период на лутање во годините по Серија „Б“ и неколку контроверзни тренерски фигури пред да се довери на Конте. И готово. Две последователни титули, третата на хоризонтот, само што во Лигата на Шампионите „бјанконерите“ се уште не можат да се претворат во фактор, но пак нова година, нова среќа. Јуве исто така не направи некои звучни трансфери, но не ја наруши рамнотежата на својот тим. Доволно е само да се спомене дека во текот на летото шампиони се позасилија со Карлос Тевез и Фернандо Љоренте.

Каде се таквите трансфери во Милано? Така покрај половината носители во италијанскиот национален тим во Торино, купија и други добри фудбалери и при слаба конкуренција од страна на останатите во Серија „А“ ( ако и така – Серија „А“ воопшто не е она што беше) Скудетото повторно ќе остане во витрините на „бјанконерите“. Ако Интер и Милан, не се разбудат наскоро, ништо чудно Конте да ја земе и четвртата, и петтата титула.

Кај „росонерите“ работите изгледаат јасни. Тимот на Кларенс Сидорф ќе заврши било-каде во оваа катастрофална сезона, а во текот на летото ќе ги засукаат ракавите. На прв поглед со едно – две квалитетни засилувања во средината на одбраната, стабилна замена на Абиати на голот и во присуство на добри напаѓачи, работите не би биле толку лоши. Одбрана останува најголем проблем на Милан.

Кај Интер е малку мистериозно. Редно е Валтер Мацари да добие кредит на доверба, но пред се Ерик Тохир ќе треба барем малку да го одврзе ќесето. Интер не е ДС Јунајтед и Милано не е Вашингтон. Барем во фудбалскиот однос. Кај „нероазурите“ има квалитетни играчи, но проблемот е дека тимот премногу долго продолжува со периодот на транзиција по Жозе Мурињо. И сега во составот на Мацари можат да се видат имињата на ликовите од финалето со Баерн. А интеристите имаат потреба од освежување уште по оние три титули. Важно за „црно- сините“ ќе биде кој ќе го замени Марко Бранка на чело на одделот за селекција. За доброто на Серија „А“ e колосите од Милано да излезат од будната кома. А кога ќе се случи тоа и кога пак шампионските титули ќе се пренесе на „Пјаца дел Дуомо“, останува да видиме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП