19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFerrari 149M Project најавен за Женева

Ferrari 149M Project најавен за Женева

ferrari149mprojectt

„Ferrari“ неодамна го најави својот нов автомобил со мистериозно име „149M Project“, кој италијанската компанија ќе го претстави на авто-саемот во Женева на почетокот на март.

Како што е вообичаено, автомобилот ќе има интернет презентација пред Женева на 12-ти февруари, кога љубителите на овој бренд ќе можат да ги видат првите фотографии од овој модел, за кој тврдат дека е наследник на актуелниот „Сaliforniа“.

„Ferrari“ често ја користи ознаката „M“ (модификуван) зa освежените или подобрените верзии на постоечките модели, па како што „550 Мaranello“ беше заменет со „575M Мaranello“, најверојатно во Женева ќе се појави новата верзија на „Сaliforniа“, a не целосно нов модел.

Се предвидува дека новата „Сaliforniа“ ќе има турбо мотор заснован на 3.8-литарскиот V-8 од „Maserati Quattroporte“ кој „Ferrari“ сам го произведува.

Во моделот на „Maserati“ моторот произведува 523KS и 650Nm вртежен момент, прилично многу повеќе од 483KS со кои може да се пофали 4.3-литарскиот V-8 агрегат во актуелната „Сaliforniа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП