4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДополнителни загуби за банката Lloyds

Дополнителни загуби за банката Lloyds

lloyds-banking-gro

Британската банка „Lloyds“ ќе претрпи дополнителна загуба од скоро 2.4 милијарди евра поради покривањето на трошоците кои се настанати поради непримерното работење во областа на осигурувањето.

Во соопштението на „Lloyds“ се наведува дека во втората половина од годината ќе се повтори исплатата на дивидендата на акционерите, а како и дека во тек се подготовки на нов владина продажба на акции во оваа банка.

За обештетувањето на клиентите кои се погодени од продажбата на полисите, „Lloyds“ ќе издвои 1.8 милијарди фунти, со што вкупните трошоци на банката во тој случај ќе пораснат на скоро 10 милијарди фунти.

Оваа банка, исто така предвидува дека во минатата година забележала профит од 6.2 милијарди фунти.

Во септември минатата година, британската влада започна процес за продажба на својот удел во „Lloyds“, продавајќи шест проценти од акциите на институционални инвеститори за сума од 3.2 милијарди фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП