5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајскапите зимски трансфери во светот за 2014-та

Најскапите зимски трансфери во светот за 2014-та

zimski transferi

Зимскиот трансфер прозорец за 2014-та година е веќе затворен. Светските медиуми уште еднаш објавија најразлични информации и гласини кои ги поврзуваат големите европски клубови со привлекувањето на познати и непознати таленти. Меѓу огромниот број на трансакции, од кои повеќето очекувано беа на Стариот континент, може да одвојат неколку посериозни купувања и продажби на големи ѕвезди.

Најскапиот трансфер беше оној на шпанскиот репрезентативец Хуан Мата од Челзи во Манчестер Јунајтед за 44,73 милиони евра, кои се рекордни во историјата на „црвените ѓаволи“. Шпанецот го собори рекордот на Димитар Бербатов, кој до пред овој преоден рок беше најскапиот трансфер во историјата на Јунајтед со 37 милиони евра во 2008-та година. Вториот беше на српскиот репрезентативец Немања Матиќ, за кој Челзи плати 25 милиони евра на Бенфика. Во првата петорка влегуваат уште Јохан Кабај, продаден од Њукасл на ПСЖ исто за 25 милиони евра, Кевин де Бруин од Челзи во Волфсбург за 17 милиони евра и Костас Митроглу од Олимпијакос во Фулам за 15,2 милиони евра.

Не смеат да се пропуштаат уште трансферите на Мохамед Салах од Базел во Челзи за 13,2 милиони евра и на Ернанес од Лацио во Интер за 15 милиони евра.

ТОП 20 најскапи зимски трансфери:

1. Хуан Мата ( Шпанија ) – од Челзи во Манчестер Јунајтед – 44,73 милиони евра.

2. Немања Матиќ ( Србија ) – од Бенфика во Челзи – 25 милиони евра.

3. Јохан Кабај ( Франција ) – од Њукасл во ПСЖ – 25 милиони евра.

4. Кевин де Бруин ( Белгија ) – од Челзи во Волфсбург – 17 милиони евра.

5. Костас Митроглу ( Грција ) – од Олимпијакос во Фулам – 15,2 милиони евра.

6. Ернанес ( Бразил ) – од Лацио во Интер – 15 милиони евра.

7. Мохамед Салах ( Египет ) – од Базел во Челзи – 13,2 милиони евра.

8. Леандро Дамиао ( Бразил ) – од Интернасионал во Сантос – 13 милиони евра.

9. Ласина Траоре ( Брегот на Слоновата Коска ) – од Анжи во Монако – 10 милиони евра.

10. Шејн Лонг ( Ирска ) – од Вест Бромвич во Хул Сити – 8,5 милиони евра.

11. Нилмар ( Бразил ) – од Ал Рајан ( Катар ) во Ел Џаиш ( Катар ) – 8 милиони евра.

12. Никица Јелавиќ ( Хрватска ) – од Евертон во Хул Сити – 7,8 милиони евра.

13. Валтер Монтило ( Аргентина ) – од Сантос во Луненг ( Кина ) – 7,5 милиони евра.

14. Мајкл Бредли ( САД) – од Рома во Торонто – 7,4 милиони евра.

15. Џермејн Дефо (Англија ) – од Тотенхем во Торонто – 7,3 милиони евра.

16. Фелипе Каиседо ( Еквадор ) – од Локо ( Москва ) во Ал – Џезира ( ОАЕ) – 7 милиони евра.

17. Алекс Телес ( Бразил ) – од Гремио во Галатасарај – 6,15 милиони евра.

18. Жусилеи ( Бразил ) – од Анжи во Ал – Џезира ( ОАЕ) – 6 милиони евра.

19. Жоржињо ( Бразил ) – од Верона во Наполи – 5 милиони евра.

20. Павел Мамаев ( Русија ) – од ЦСКА Москва во Краснодар – 5 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП