5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоловина Порто се сели во Манчестер?

Половина Порто се сели во Манчестер?

portoooa

Сити испрати официјална понуда за двајца играчи на Порто. Мангала се двоуми, а Фернандо би сакал да се пресели на „Етихад“. Додека „црвениот“ Манчестер го посакува Отаменди.

Пелегрини одлучи засилувањата да ги бара во Португалија.

Вчера беше соопштено дека Шеиците договориле се за дефанзивецот на Порто, Фернандо, но и дека клубот несака да ја прифати понудата до последен момент, иако во спротивно Бразилецот налето ќе може да си замине без обезштетување. Тие чекаа до последен ден, а дочекаа и нова понуда од Сити, но овој пат за Мангала.

Според тврдењата на медиумите во Португалија, Сити понудил 41 милиони фунти за Мангала и Фернандо. Поголемиот дел од сумата секако треба да го покрие трансферот на Мангала, за кој Порто бара 45 милиони фунти.

Сепак, финансиската ситуација во Порто не е на високо ниво и прашање е дали ќе ризикуваат или двајцата играчи ќе бидат продадени во јануари.

Работите се усложнуваат со тоа, иако се уште се во форма на шпеклуации, дека и Јунајтед испратил понуда за Отаменди. Според овие гласини, Мојс понудил 12 милиони фунти за Аргентинецот кој би требал да ја засили конкуренцијата во последната линија на тимот од „Олд Трафорд“.

Тешко е да се верува дека Порто ќе се одлучи да ги продаде двајцата дефанзивци. Сепак нема долго да чекаме за потврда на овие тврдења, затоа што остануваат уште помалку од 24 часа до затворањето на зимскиот преоден рок.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП