6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Subaru Legacy ќе дебитира во Чикаго

Новиот Subaru Legacy ќе дебитира во Чикаго

legacyy

Само неколку месеци по премиерата на концептот „Legacy“, „Subaru“ ќе ја претстави и продукциската верзија на овој автомобил. Судејќи врз основа на делумно откриената силуета, новиот „Legacy“ ќе задржи некои стилски елементи од концептот, но ќе има конвенцијален изглед.

Кога во ноември на саемот за автомобили во Лос Анџелес беше прикажан концептот „Subaru Legacy“, сите посакуваа јапонскиот производител да покаже малку повеќе храброст при трансформацијата на тоа возило во сериски модел.

До кој степен „Subaru“ остана доследен на идеите и решенијата кои ги видовме на концептот, ќе знаеме на 6-ти февруари, кога новиот „Legacy“ ќе биде претставен на саемот во Чикаго.

„Subaru“ освен најавата за премиерата не откри многу за новата генерација на својата лимузина. Во овој производител велат дека станува збор за спортски седан кој ќе понуди подобри возни карактеристики и функционалност, со дизајн кој одговара на репутацијата на лимузина како што е „Legacy“ и укажуваат на новите дизајнерски насоки превземени токму од концептот кој беше претставен во Лос Анџелес.

Тоа може да се предвиди врз основа на фотографијата која делумно ја открива силуетата на автомобилот. Некои странични линии се пренесени од концептот, но серискиот „Legacy“ ќе биде малку повисок за да биде попрактичен во секојдневната употреба.

Дизајнот на предниот и задниот дел засега се тајна, но може да се претпостави дека автомобилот нема да има така агресивен и спортски изглед, како што тоа беше случај со концептот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП