26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 31.01.2014

Дневен хороскоп 31.01.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес би можеле долго време да размислувате за љубовта. Веројатно сте имале некоја одлична ситуација со саканата личност која повторно би сакале да ја доживеете. Романтичната музика ќе ги зголеми вашите чувства. Но, внимавајте да не ги одложите работните обврски, бидејќи тие ќе ви го земат целиот слободен викенд. Некој од вашите пријатели нема искрени намери.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Потрудете се да го искористите слободното време квалитетно ако сакате да се наполните со енергија. Инвентивноста ви помага со леснотија да ги остварите работите обврски. Искористете го организаторскиот талент, ентузијазмот и желбата за големи достигнувања. Некој Овен ќе ви понуди финансиска помош, но вашата гордост нема да прифати нешто такво, размислете за вашите постапки.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Морате да се приспособите на околината ако сакате да избегнете проблеми. Покрај вас секогаш е партнерот, осаменоста тешко ја поднесувате. Нагласени ви се уметничките способности, очекувајте успех. Доминантни сте во односот со околината и имате вишок енергија.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Преиспитајте ги своите барања и критериуми. На работното место предизвикувате конфликти. Не можете да очекувате толеранција од другата страна ако не можете да возвратите. Мислевте дека ги пребродивте најважните проблеми, а веќе се јавуваат нови во вид на расправии со партнерот и незадоволство во љубовниот живот.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Имате променливо расположение, посуетни сте од обично. На околината не и е лесно со вас. Алармантно е тоа што самите себеси сте си најголем непријател. Ниту еден план денеска нема цврста основа, па не се надевајте на идеален резултат. Многумина ќе бидат разочарани од вашето нечовечко однесување. Иако мислите дека некого мудро сте го надминале, верувајте дека тој ги прочитал вашите намери.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Можеби денес ќе ви се случат мали ситни промени на деловен план, некакви нови насоки или мала нестабилност, најави за промени, можеби нешто што сте го планирале а неочекувано доаѓа до реализација поради странични околности. Обидете се да се вклопите во промените и се ќе помине во најдобар ред.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Романтичните филмови и книги денес ќе ви бидат попривлечни од било кога. Посебно сте емотивно напнати. Ако сте во врска, се чини дека сте дошле до моментот каде морате својот однос да го преместите на различно ниво од досегашното. Ако не сте во врска, вашата љубовна аура ќе привлече некој потенцијален партнер во вашиот живот. Бидете подготвени и очекувајте се.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес вашето внимание ќе биде насочено кон финансии, пари и нивно заработување или планирање на некакви инвестиции, купувања. На работното место постигнувате да завршите се во дадениот временски период. Но приватниот живот ви стагнира, обидете се да ги обновите односите со пријателите.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Поволен ден за вас. Ќе го зграпчите микрофонот во рацете, бидејќи ќе имате што да кажете, а луѓето ќе сакаат да ве чујат. На преден план кај вас ќе излезе дружељубивоста. Но нема да ги ставате туѓите потреби пред своите само за да им удоволите на луѓето околу вас. Напротив, ќе правите се што ве усреќува и задоволува вас.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе бидете незапирливи на работното место, постојано нудејќи нови идеи и истакнувајќи се со логичко размислување и елоквентност. Ќе сакате се околу вас да е под конец, па постојано ќе расчистувате и подредувате. Токму дисциплината ќе ви помогне полесно да ги завршувате задачите и да имате повеќе време за одмор.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Кренете ја главата од илјадниците обврски кои ви тежат и насочете се кон дружење и забава. Вечерта ќе бидете срцето на друштвото и ќе создадете динамика која на сите ќе им даде мигови за паметење. Одморете се во претстојниот викенд, за понеделнички да стартувате со поголема енергија. Внимавајте на финансиите, овој период е неповолен за да позајмите пари.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ослободете се од стресот, заборавајќи на постојаното анализирање и дајте си малку одмор. До израз ќе дојде вашата креативност, па ќе ги решавате проблемите по помалку умствен труд од обично. На љубовен план, послушајте ја интуицијата. Таа нема да ве изневери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП